Дали вие ги будите вашите деца во 8 наутро додека се на распуст?

Моето размислување дека треба да се има одредено време за будење наместо за одење во кревет е затоа што како возрасни никој нема да им кажува кога да си легнат, но секогаш ќе мора да стануваат за на работа, за на училиште, заради семејните обврски итн. Целта е да се навикнат сами да ги регулираат своите распореди на спиење уште од мали, вели една мајка на три деца која на своите деца не им кажува кога да си легнат, но ги буди во 8 дури и кога се на распуст

0
149

„Моето размислување дека треба да се има одредено време за будење наместо за одење во кревет е затоа што како возрасни никој нема да им кажува кога да си легнат, но секогаш ќе мора да стануваат за на работа, за на училиште, заради семејните обврски итн. Целта е да се навикнат самите да ги регулираат своите распореди на спиење уште од мали“, напишала таа.

Но кога на неодамнешна фамилијарна средба се отворила оваа тема за терминот за спиење кај децата, нејзините роднини, како што раскажува таа, ја нападнале како волци затоа што била неправедна кон нејзините кутри деца бидејќи ги тера да стануваат рано наутро.

„Бев обвинета за контролирање и претерување. Ситуацијата малку се вжешти и јас си отидов дома. Ќе потенцирам, децата беа возбудени кога наполнија 13 години бидејќи одењето во кревет беше нешто за кое не сакаа повеќе да слушнат, а најмладиот мој тинејџер има 13 години. Го правам ова со години и децата ниту еднаш не се пожалија“, пишува таа.

Кога прашала на „Редит“ какви се ставовите на другите родители, некои одговориле дека нејзиното правило може да е нездраво за нејзините 3 деца, со оглед на студиите кои покажале дека на тинејџерите им е потребно повеќе сон, а често имаат и различни шеми на спиење за разлика од возрасните.

Еден корисник напишал: „Умот на тинејџерот сè уште се развива, а студиите покажуваат дека ним всушност им е потребно повеќе спиење отколку на возрасните“. Втор корисник одговорил: „Не ја следам вашата логика. Како возрасен човек јас спијам колку што сакам во деновите кога немам работа, училиште или други обврски. Ако сакате вашите деца да имаат навики за спиење како возрасни, зошто не им го дозволите истото?“

Друг возвратил: „Оваа идеја всушност е мудра. Во светот на возрасните никој не се грижи за тоа кога одите во кревет, но треба да станете наутро ако имате одредени обврски. Со оваа дисциплина тие ќе се научат да стануваат рано наутро“.

„Сè додека вашите деца се здрави и среќни, ничие мислење не е важно“, напишал друг.

Откако го прочитала сето ова, мајката вели дека зборувала со своите деца за нејзините грижи, па го поместиле времето на станување до 9 часот наутро, додавајќи дека повторно ќе можат да стануваат порано ако сакаат, но ќе нема притисок да го прават тоа.

Фото: Unsplash

 

loading...