Дали ви се чини дека ќе полудите поради плачењето на бебето? Научниците велат дека сте нормални

Според последните истражувања бебињата можат да прават бучава како и млазните авиони – значи да произведат и до 120 децибели, а верувале или не, има бебиња кои се во состојба да врескаат осум часа – без престан.

0
374

Кој сака да го чујат, мора да биде гласен! На пример, кога бебеињата плачат, тогаш тоа не само што може да ги уништи нервите на родителите, туку и слухот. Според најновите истражувања бебињата и децата можат да прават бучава како и млазните авиони – значи да произведат и до 120 децибели. Заради споредба – ако работниците на работа се изложени на бучава посилна од 85 децибели, задолжително е носење на специјални заштитни слушалки. Тоа е границата, после која е загрозено здравјето и тоа значи дека родителите би требало да носат таква заштита.

Има и бебиња кои прават осумчасовна „бучава“

Особено се погодени родителите на бебињата кои често и долго плачат. Речиси секое петто бебе спаѓа во таа категорија. По дефиницијата на Матилда Папусек, научничка која се специјализирала за истражување на бебиња – тоа се бебиња кои во период од три недели најмалку три дена неделно врескаат по три часа. Верувале или не, но има и бебиња кои се во состојба да врескаат осум часа – без престан.

На кој јазик врескаат бебињата?

Врескањето не е само врескање. Така на пример, германските бебиња врескаат поинаку од француските – гласи резултатот од студијата на научниците од универзитетската клиника во Вурзбург. Типично врескање на француските бебиња има поткренувачка мелодија, додека германските бебиња врескаат со надолна мелодија. Постои сличност со јазикот на возрасните Германци и Французи. Причината за тоа е во фактот што бебињата упште во мајчината утроба ја регистрираат мелодијата на говорот, која подоцна ја имитираат со врескање. Значи, би можело да се каже дека врескањето е гласен ран стадиум на говорот.

Фото: Freepik

loading...