Дали ги заспивате своите деца пеејќи им заспивалка?

„Родителите со стотици години ги заспивале децата со заспивалки. Инстинктивно знаеле дека децата на тој начин се опуштаат“, вели стручњакот за музика Ник Пикет.

0
96

Родителите милениумци избегнуваат една вечерна рутина, а можеби не би требало. Повеќето од денешните родители пораснале со заспивалки, но таа вечерна рутина не ја практикуваат со своите деца, пишува The Telegraph.

Ако родителите не ве заспивале така, можеби тоа не ви изгледа како проблем, но постојат неколку причини поради кои би требало да размислите и на своето дете да му отпеете некоја заспивалка.

Во списанието Psychology of Music објавена е анкета во која само третина од родителите изјавиле дека им пеат заспивалки на своите деца помлади од пет години, наведува The Telegraph. Отприлика 70 отсто од родителите кои ги заспиваат децата на тој наин се постари од 45 години што покажува дека таа вечерна рутина е навистина непопуларна помеѓу помладите родители, иако не е јасно зошто е тоа така. Заспивалките имаат своја цел. Откриено е дека им помагаат на децата да ја ублажат болката и да им ги смират отчкукувањата на срцето, вели Medical Daily.

„Родителите со стотици години ги заспивале децата со заспивалки. Инстинктивно знаеле дека децата на тој начин се опуштаат“, вели стручњакот за музика Ник Пикет.

Музиката помага да се чувствувате подобро, а истото важи и кога станува збор за заспивалките.

„Музиката е важна за детскиот ментален и емоцинален развој. Родителите преку музиката ја зацврстуваат и врската со детето“, предупредила Лаура Џејн Фоли во име на организацијата Lullaby Trust.

Ако не знаете заsпивалка, многу такви можете да најдете на интернет, а можете на детето да му отпеете  некоја полесна омилена песна.

Фото: Pixabey

loading...