Дали ги осудувате оние кои објавуваат слики од своите мртвородени деца?

„Мртвороденоста им ги краде на тие родители првиот плач, првата насмевка, растењето, роденденските прослави, сите подеми и падови и милион други мали и големи работи. И затоа ве прашувам, зошто би сакале да им ја украдете и таа една работа?“ – прашува Кајла Смит, мајка на пет деца

0
3601

Кајла Смит, мајка на пет деца (две двојки близнаци и девојченце кое го чува во срцето, на својот блог Keeping Up With The E’s, се осврнува на една табу тема – објавување на фотографии од мртвородени бебиња на социјалните мрежи. Имено, ако на Инстаграм напишете #stillbirth, ќе се прикажат повеќе од 80 илјади фотографии, а оваа мајка напишала порака наменета за сите оние кои ги засрамуваат тие родители.

Само минатиот месец, на социјалните мрежи видов како засрамуваат и критикуваат три мајки заради тоа што ги објавиле фотографиите од своите мртвородени бебиња. Три мајки кои и онака веќе страдаат, страдаа уште повеќе поради злобните коментари.

Некои од тие коментари биле зборови како „несоодветно“, „барање на внимание“, а неколку родители отишле толку далеку и ги нарекле овие мали бебенца и нивните родители „одвратни“.

Затоа одлучив да напишам неколку зборови за сите кои сметаат дека таквите фотографии се „неприкладни“.

Според Светската здравствена организација секоја година се раѓаат околу 2,6 милиони мртвородени деца. Тоа се 2.6 милиони животи вредни да се споменат. Но според многумина, родителите тоа не би смееле да го прават затоа што им наметнуваат на другите непријатни чувства. Кутрите вие…Вашата непријатност престанува во истата секунда кога ќе престанете да се фокусирате на нечија трагедија, а тие родители ќе го имаат тоа чувство до крајот на животот.

Само ме интересира, дали некогаш сте поставиле слика на вашето дете на социјалните медиуми? Што е со објавата за неговото раѓање? Ако сте го правеле тоа, тогаш, како можете да чувствувате било што друго освен тага за овие родители?

Ако не се сложувате со одлуката на родителите кои јавно го објавуваат раѓањето на своето дете, само затоа што станува збор за мртвородено, тогаш немам што друго да ви кажам. Запомнете, и мртвораѓањето е сепак раѓање.

Од друга страна, таквите објави не се она што родителите го посакувале кога го виделе позитивниот тест на бременоста. Тие не сакале да го објават своето мртвородено бебе, сакале да објават фотографија од своето бебе со розеви обравчиња, бебе чиј живот тукушто започнал. Но излегуваат на крај со она што им е дадено на свој начин. Го споделуваат единствениот спомен што го имаат од своето бебе.

Мртвороденоста им го краде на тие родители првиот плач, првата насмевка, растењето, роденденските прослави, сите подеми и падови и милион други мали и големи работи. И затоа ве прашувам, зошто би сакале да им ја украдете и таа една работа?“

Ве молам сфатете. Вие сте тука проблемот, не тие. Додека сите други го искажувааат своето искрено сочувство, вашата сурова негативност е крајно непотребна. Бидете љубезни затоа што не ја познавате оваа болка.

loading...