Дали детето ве слуша?

Ако понекогаш ви изгледа како вашето дете воопшто да не ве слуша, проверете му го слухот. Причините за неговото оштетување можат да бидат херидитарни-наследни или предизвикани од надворешни агенси, бактериски инфекции, висока температура, и сл.

0
69

Способноста за слушање ни се овозможува преку увото кое е орган за слух и рамнотежа. За нормален слух се смета сѐ она што се слуша во фреквентно подрачје од 0-20 децибели, додека пак од 20-40 децибели се смета за лесна наглувост, од 40-60 децибели се смета за умерена наглувост, од 60-80 децибели за тешка наглувост, а пак од 80-100 децибели – за многу тешка, тотална наглувост.

Како скрининзи и превентивни тестирања поврзани со слухот кај децата се користат Бера тестот и Отоакустините емисии. Како дијагностички иследувања за проверка на слухот кај децата се користи тонална лиминарна аудиометрија и тимпанометрија.

Кога се работи за оштетување на спроводниот ушен канал и надворешното уво, тогаш станува збор за кондуктивна наглувост, при што се користи слушен апарат како помагало.

Доколку станува збор за перцепторна-сензонеурална наглувост при што оштетувањето е на ниво на слушниот нерв, кохлеата и внатрешното уво, во овие случаи како помагало се користи кохлеарениот имплант кој е слушен амплификатор кој содржи микропроцесор, микрофон и појачало, при што се пренесуваат аудитивните звучни дразби од надворешната средина.

Причините за оштетување на слухот можат да бидат херидитарни-наследни или предизвикани од надворешни агенси, бактериски инфекции, висока температура, и сл. Рехабилитацијата на децата со оштетен слух ја спроведува сурдоллог во рамки на мултидисциплинарен тим на оториноларинголог, специјален едукатор аудиолог, аудиометрист, психолог, социјален работник и педијатар.

Главната заложба во рехабилитацијата на деца со оштетен слух е тие да станат и вербални и да остваруваат комуникација и интеракција со средината.

Ана Петреска, дипломиран логопед, М-р по специјална едукација и рехабилитација Интеракција плус, Скопје

Фото: Pexels

loading...