Дали децата треба да носат маски и во кои ситуации?

Светската здравствена организација советува употреба на маски на отворено само во посебни случаи - ако кашлате, имате проблеми со дишењето, треска или кивање. Истото важи и за децата

0
318

Едно од прашањата што најчесто се поставува за време на пандемијата на коронален вирус е прашањето на кого навистина му е потребна маска и дали треба сите да ги користат маските?

Епидемиолозите велат дека маска треба да носи секој што има проблеми со респираторниот систем, без оглед на тоа дали станува збор за коронавирус или други болести.

Здравите луѓе пак не треба да носат маски на отворено. Имено, маските се препорачуваат само при влегување во затворени простории, како што се транспортни и здравствени установи.

И Светската здравствена организација советува употреба на маски само во посебни случаи – ако кашлате, имате проблеми со дишењето, треска или кивање.

Доколку ги немате овие симптоми, не носете маска без потреба затоа што така можеби му ја ускратувате на некој на кој навистина му е потребна, велат експертите на СЗО.

И за децата важи истото правило за носење маска како и за возрасните:

Нема потреба да носите маски на отворено. Децата треба да носат маска во затворен простор кадешто може да се заразат, има смисла да носат маска во здравствени установи, за време на патување, како и во градски превоз. Сепак, сега и онака нема потреба од возење во градски превоз.

Фото: Freepik

loading...