Дали доењето ве прави подобра мајка?

Не можеме, а да не се запрашаме дали е доењето тоа што една жена ја прави добра мајка или добрата мајка ја одликуваат многу повеќе други работи од онаа - со што го храни своето бебе?

0
321

Иако сите светски здравствени организации препорачуваат доење на бебињата најмалку една година, ширум светот постојат мајки кои мака мачат со одлуката дали да истраат или да престанат со доењето порано. Не можеме, а да не се запрашаме дали е доењето тоа што една жена ја прави добра мајка или добрата мајка ја одликуваат многу повеќе други работи од тоа со што го храни своето бебе?

Сите овие класификации и поделби се по малку неправедни заради сите оние жени кои од било која причина едноставно не се во состојба да ги дојат своите бебиња и покрај големата желба, а навистина ги има многу. Сите ние пред породувањето сме планирале да ги храниме своите бебиња исклучиво со мајчино млеко, без никакви додатоци, но не оди сѐ така како што сме планирале. Дали поради тоа сме лоши и несовесни мајки?

Некои жени едноставно не можат да дојат

Постојат навистина мноштво медицински причини поради кои жената не може да дои, од рак на дојка па сѐ до мала продукција на млеко и проблеми со лактацијата па до раното враќање на работа и неможноста да се усогласат семејните и професионалните обврски.

Кога станува збор за рак на дојка, доењето не се препорачува и се смета за опасно, и за мајките и за бебињата. Повеќето мајки кои не можат да дојат ги измачуваат многу прашања, дали се тие лоши мајки, дали требало повеќе да се трудат, дали требало почесто да го испумпуваат млекото…

Треба да знаете дека со самото тоа што толку многу ве измачуваат сите тие прашања, вие сте добра мајка и неможноста да го доите вашето бебе не го намалува тој факт ниту за момент. Од друга страна, колку и да е доењето добро за бебето, никој нема да ве предупреди за тоа колку ова може да биде психички исцрпувачки.

Ако сакате да доите и преземате сѐ за вашето бебе да има доволно млеко, посетувате стручњаци за лактација, испумпувате млеко, пиете чаеви и суплементи, само напраде, но ако глдета едека сиот тој труд едноставно не ги дава саканите резултати, можеби би требало да размислите за некои други опции. Слободно посоветувајте се со педијатарот за употребата на вештачко млеко.

Како да знаете дека е време да се откажете: Оној момент кога ќе сфатите дека сето тоа премногу ве оптоварува, дека секој ден размислувате и плачете поради тоа што покрај сиот ваш труд вашето бебе и натаму не добива доволно млеко, доколку вашето бебе е гладно и не добива на тежина, можеби е време да се откажете.

Треба да имате на ум дека е за вашето бебе подобро да биде на вештачко млеко и да биде сито, отколку да биде гладно, а вие упорно да се трудите.

Што е поздраво?

Што се однесува до прашањето што е поздраво, нема дилеми дека мајчиното млеко е од големо значење за здравјето на бебето и за неговиот имунитет, особено во првите три месеци од животот, а за волја на вистината, ова е и полесно бидејќи ноќе не мора да станувате, да миете шишиња и да подгревате млеко.

Она што сакаме да им го порачаме на мајките е дека не ве прави добра или лоша мајка храната со која го храните своето дете туку љубовта што му ја давате. И само да напоменеме, во секој случај, на прво место треба да биде доењето, но доколку од некоја причина тоа не е возможно и покрај сиот труд, тоа секако не ги прави овие мајки – лоши мајки.

Фото: Pixabey

loading...