Дали дома имате вундеркинд?

Проблемот со чудесно надарените деца е, парадоксално, во нивниот талент, кој е толку нетипичен што детето неминовно станува „цирскуски артист“

0
103

Секој кој во детството бил прогласен за вундеркинд, добро знае што му донела таа титула. Чудата од деца ги сака секоја средина.

Проблемот со чудесно надарените деца е, парадоксално, во нивниот талент, кој е толку нетипичен што детето неминовно станува „цирскуски артист“ пред воопшто и да стаса до „а“ од „артизам“. Освен тоа, чудесните деца многу брзо го губат секое право на приватност, па фрустрацијата им се смирува со кохезијата на најтесното семејство. Ова последното се покажува како најлошо, иако на прв поглед не изгледа така.

Збивањето на редовите на семејството значи дека сите домашни се собираат околу вундеркиндот и почнуваат да му служат на неговиот талент. Неталентираните браќа и сестри на вундеркинд стануваат како “Пепелашки“ а родителите рано ќе ги убедат дека семејството нема друг избор освен да стане „вундеркиндо-центрично“.

Не треба да се биде клинички психолог за да се сфати колку е тоа опкружување непоттикнувачко за малите генијалци, и како од ваков семеен никулец многу тешко се станува возрасен човек.

Затоа вундеркиндите она најлошото ги чека кога ќе пораснат, затоа што сите мораат да пораснат, па и тие. Кога ќе престанат да бидат „кинд“ некако се губи и она „вундер“, па и од нив, како и од останатите возрасни уметници се очекува да знаат што е живот, за да знаат и што е уметност. А дали вундеркиндот го може тоа?

Изгледа дека не може. Тука почнува талкањето и паѓањето, или во најдобриот случај, едно ново, задоцнето растење, кога целата „чудесна историја“ е најдобро што побргу да се заборави. А зошто и да не се заборави кога како чудо од дете сите ве забораваат во моментот кога ќе добиете лична карта?

Вудеркинди има од овој и од оној вид. Меѓутоа, постои бобласт во која чудесните деца се далеку најбројни. Станува збор за музиката. Веројатно причина за ова е самиот Моцарт. Надарените деца најлесно се препознаваат ако со ноџињата не можат да ги дофатат педалите, а сепак свират клавир, или ако во рачињата држат минијатурна виолина а свират како херувими.

Интересно е тоа што речиси и да не знаеме за вундеркинди во книжевноста. Зошто е тоа така?

Митот за „вундеркинд“ е тесно поврзан со настапувањето на сцена. Вудеркиндите меѓу глумците, вундеркиндите меѓу музичарите, можат да се покажат. Што ќе правите со еден мал поет? Тој во најдобар случај може да предизвика воздишки кај бабите-тетките на училишните приредби кога ќе ја изрецитира својата песна за Патронатот на училиштето.

Тука доаѓаме до најсуровиот дел кој не се изменил уште од Моцарт. Никој не е вундеркинд во своето село, пардон, во својот дом.

Значи, вудеркиндот може да биде гордост на мама и на тато, но така за тоа да биде видливо, па за тоа да знае сосетката (која е љубоморна затоа што и таа нема таков син) или колегите на работа. Во основата на негувањето на вундеркиндот се наоѓа менталитетот на паланката.

Фала му на Бога, писателите се поштедени од тоа. Доцна стасуваат, немаат официјални школи за својот уметнички занает, па барем како деца се оставени на мир. Дали поради фактот што не е оптоварена со вундеркинди, книжевноста е поради тоа посреќна, би требало да се провери.

Текстот е преземен од ТУКА.

Фото: Pixabey

loading...