Дали е вашето дете високо сензитивно?

Одговорете на прашалникот за родители и дознајте дали вашето дете е високо сензитивно, како да се одгледа среќно високо сензитивно дете и како високо сензитивните деца се однесуваат со врсниците

0
156

Ве молиме одговорете на секое прашање најискрено. Одговорете со ТОЧНО, ако тоа целосно или барем до одреден степен се однесува на вашето дете или се однесувало подолг изминат период. Одговорете со НЕТОЧНО, ако во поголем дел не се однесува, или никогаш не можело да се примени на вашето дете.

Моето дете…

Т Н лесно се штрекнува

Т Н се жали на облеката што го гребе, на шевовите во

чорапите, или на етикетата од облеката на вратот

T Н обично не сака големи изненадувања.

Т Н подобро учи со благ прекор отколку со строга казна.

Т Н како да ми го чита мислите.

Т Н користи сложени зборови за својата возраст.

T Н забележува дури и најмала чудна миризба.

Т Н има умна смисла за хумор.

Т Н се чини дека има добра интуиција.

Т Н тешко му е да заспие после возбудлив ден.

Т Н не се снаоѓа со големи промени.

T Н ја преслекува облеката што е влажна или извалкана со песок

Т Н постојано потпрашува.

Т Н перфекционист е.

Т Н го забележува незадоволството кај другите луѓе.

T Н претпочита тивки игри.

T Н поставува длабоки прашања што бараат

размислување.

Т Н многу се чувствителни на болка.

Т Н не сакаат бучни места.

T Н забележуваат детали (преместено парче мебел,

промена на нечиј изглед…)

T Н размислува дали е безбедно пред да почне да се качува.

T Н најдобро рецитира кога нема непознати луѓе

Т Н длабоко ги чувствува работите.

Резултатот

Ако сте одговориле со ТОЧНО на тринаесет или повеќе прашања, вашето дете е веројатно многу чувствително. Сепак, ниту еден психолошки тест не е толку точен што можете целосно да се потпрете на него кога воспитувате деца. Ако само едно или две прашања се однесуваат на вашето дете, но целосно, можете слободно да го сметате за високо сензитивно.

Што е вистинска сензитивност?

Високо сензитивните лица, во споредба со оние кои забележуваат помалку детали и реагираат брзо и импулсивно, се формирани такашто тие повеќе ја забележуваат својата околина и размислуваат подлабоко пред да преземат акција. Како резултат н тоа, чувствителните луѓе, како децата, така и возрасните, се склони кон емпатија, паметни се, интуитивни, креативни, грижливи и совесни (тие ги разбираат последиците од лошите дела и затоа веројатно нема да ги прават). Исто така, не сакаат „премногу гласна“ музика или премногу дразби во исто време. Тие се обидуваат да ги избегнат ваквите ситуации и заради тоа изгледа како да се срамежливи.  Кога не можат да избегнат прекумерни стимули, „лесно се вознемируваат“ и стануваат „пречувствителни “.

Иако таквите деца повеќе ја забележуваат нивната околина, тоа не значи дека имаат подобар вид, слух, чувство за мирис или вкус – иако некои признаваат дека имаат барем најмалку едно сетило што е многу развиено. Исто така, нивните мозоци ги обработуваат информациите многу подлабоко. Оваа обработка не се одвива само во мозокот, но бидејќи високо сензитивните лица, деца или возрасни, имаат побрзи рефлекси (реакција која обично доаѓа од ‘рбетниот мозок), тие реагираат посилно на болка, лекови и психостимуланти; тие имаат пореактивен имунолошки систем и се поподложни на алергии. Во извесна смисла, целиот нивен организам е организиран на таков начин што попрецизно детектира и го разбира сè она што влијае врз него.

Дали вашето дете е високо сензитивно?

Доколку веќе не сте го сториле тоа, пополнете го прашалникот. Секој одговор под „точно“ е потврда за високата сензитивност на детето. Прашањата се резултат на истражување во кое учествуваа илјадници деца. Сепак, не се однесуваат сите понудени тврдења за секое чувствително дете. Децата, како и возрасните, се многу различни кога станува збор за останатите наследени особини и за опкружувањето во кое пораснале.

Родителите честопати брзо сфаќаат дека имаат невообичаено чувствително дете. Секое новороденче може да има грчеви, но чувствителните мали деца обично плачат кога (според нивното разбирање) премногу работи се случуваат премногу долго време. Ним им треба многу помалку за да почувствуваат дека нешто е „премногу“. Покрај тоа, тие се многу повеќе под влијание на расположението на родителите – како на пример, вознемиреност кај таткото или мајката. И така се создава еден маѓепсан круг.

Од друга страна, некои сензитивни бебиња воопшто не плачат толку многу. Нивните родители препознале зголемена пречувствителност, можеби затоа што тие и самите се пречувствителни и прават сѐ за да му угодат на детето и да не го стимулираат премногу. Сепак, чувствителноста кај малите деца е лесно забележлива – тие следат сѐ околу нив со очите, го забележуваат секој звук или промена на тонот, реагираат на облеката што ја допира нивната кожа или на температурата на водата во кадата. Како што растат, ваквите деца забележуваат значително повеќе – дека имате нова кошула, дека веќе нема грмушка во дворот, дека баба му ја преместила фотелјата. Исто така, како што растат, тие стануваат уште полесно „затрупани“ од дразбите, бидејќи тие преживуваат сè подлабоко, а многу работи сè уште не им се познати, или не научиле да ги отфрлаат неважните детали.

Фото: Pexels

loading...