Дали е вашето дете натпросечно интелигентно?

Проверете преку примерот на малата Иранка со поголем коефициент на интелигенција од оној на Ајнштајн

0
68

Тара Шарифи е 11.годишна Иранка која со семејството живее во Велика Британија и официјално стана најпаметно девојче насветот. На Менса тестирањето остварила феноменални 162 бода.

Овој резултат го издигнал девојчето високо над границата на генијалност, која се наоѓа на 140 бодови.

Нејзините родители заедно одлучиле Тара да се испроба во решавањето на тестот затоа што рано ја воочиле исклучителната бистрина и неспорната интелигенција на својата ќерка.

Сепак, иако верувале во неа, бројот на остварени бодови бил големо изненадување за сите, особено за Тара која останала шокирана од резултатот.

Знаев дека е паметна затоа што на разни квизови одговарала на прашања, посебно на математички, пред да одговорат самите натреварувачи. Сепак, не се надевав дека има толку висок коефициент на интелигенција“, признал гордиот татко Хусеин Шарифи за британскиот Bucks Herald.

Кога ќе бидам постара, би сакала да се занимавам со нето што е врзано за математика и наука“, им рекла Тара на новинарите.

Остварените резултати ја прави попаметна од самиот Алберт Ајнштајн, кој според проценките имал IQ 160 колку и Стивен Хокинг.

Менса открива неколку знаци кои можат на родителите да им навестат дека детето можеби поседува натпросечна интелигенција:

1. Забележувате дека детето има извонредно помнење

2. Исклучително рано знае да чита

3. Музикално е

4. Љубопитно е

5. Има смисол за хумор

6. Сака да разговара

7. Има необично хоби или интереси или има длабоко знаење за одредени теми

8. Свесно е за настаните во светот

9. Си поставува високи стандарди

loading...