Дали е веќе чудо кога дванаесетгодишни девојчиња си играат со кукли?

Иако не е нормално тоа што денес девојчињата уште од најрана возраст се облекуваат и позираат за Инстаграм и Фејсбук како возрасни, некако и оваа игра со кукли е можеби некако премногу... како за 12 години? Што мислите вие?

0
84

Откако една мајка на фејсбук објавила фотографија на која нејзината 12-годишна ќерка и нејзината другарка си играат со кукли, луѓето се воодушевени.
Многу од оние што ја коментираат фотографијата на социјалните мрежи се согласуваат дека децата денес растат премногу брзо. Поради влијанието на социјалните мрежи, многу девојчиња сакаат да се шминкаат и пред пубертетот, а куклите со кои си играле како помали се одамна отфрлени.

Затоа објавата на мајката Латифа Петерсон, велат тие, е вистинско освежување. Таа сака нејзината ќерка да ужива во безгрижната детска игра што подолго.

Но, колку и да е вистина дека децата денеска премногу рано созреваат и наместо со детски игри, се занимаваат со нешта  кои воопшто не се соодветни на нивната возраст, сепак, не се сеќавам дека и ние сме игралесо кукли на 12 години. Како и да е, веројатно тоа е понормално отколку другава варијанта, па ве прашуваме што мислите вие и какво е вашето искуство?

Фото: Фејсбук

loading...