Дали е можно банката на сперма да ви продаде материјал од погрешен донор?

Да, можно е банката на сперма да ви продаде генетски материјал од погрешен донор: Што кога вашето дете има татко кој буквално не сте го избрале, е темата за која пишува Џеклин Мроз во Њујорк Тајмс. Мислите ли дека ова се случува и кај нас?

0
221

Пред 17 години кога била во своите триесетти, Синди со својата партнерка одлучила дека сака да има деца.

Со часови ги прегледувале профилите на донорите на сперма, одлучувајќи се конечно за човек со чист медицински картон и малку наследни болести во семејството. Го знаеле својот дарител само по неговиот идентификациски број.

Синди родила здраво момче, а подоцна користејќија спермата на истиот дарител повторно забременила и повторно родила машко.

Кога малку пораснале момчињата успеале да прнајдат неколку полубраќа и сестри внесувајќи го идентификацискиот број на донорот во онлајн базата на податоци. Потоа родителите одлучиле на сите деца зачнати со иста сперма да им направат ДНК тест.

Резултатите покажале дека синовите на Синди не се во сродство со другите деца. Банката на сперма им продала сперма од друг дарител наместо онаа која ја одбрала после внимателно прегледување.

Подоцна дознала дека историјата на болестиво семејството на донорот е далеку од совршена: неговата баба починала од рак на мозок, а дедото имал Алцхајмер.

Не постојат официјални податоци за бројот на деца зачнати со вештачко оплодување во Америка на годишно ниво, иако некои стручњаци проценуваат дека бројот би можел да оди и до 60.000. Исто така, никој не го следи бројот на луѓе во САД кои во некој момент откриваат дека спермата што ја купиле не одговара на донорот кој го одбрале. Меѓутоа, вакви случаи има сѐ повеќе. Сѐ поголем број на родители откриваат дека им е продадена погрешна сперма, и тоа неретко со децении по зачнувањето.

Овие приказни се исклучитено срцепарателни и претставуваат голем предизвик во законски смисол“, вели Дов Фокс, биоетичар од Универзитетот во Сан Диего во Калифорнија.

Банките на сперма се слабо регулирани, а замнеите од овој вид не се целосно непредвидливи кога ќе го земете предвид фактот дека банките и натаму користатзастарени методи за сортирање на примероците како што се молив и хартија“.

Мелиса, самохрана мајка одвМасачусетс, открила дека клиниката за вештачко оплодување ѝ продала погрешна сперма дури кога нејзината 21.годишна ќерка направила ДНК тест.

Таа е поврзана со полубратот кј го знаел донорскиот број на анонимниот татко. Тоа не бил днорот кој го одбрала Мелиса н клиниката две децении претходно.

Даден ми е примерок од погрешен донор и нема шанси дека тоа некогаш ќе го дознаев ако мојата ќерка не направеше ДНК тест“, вели Мелиса.

Не знаете што ќе наследи детето“, продолжува таа. „Тоа не е исто како силување. Постои медицинска процедура и сеедно, во вашето тело се става сперма и навистина се почувствував физички злоупотребена“.

Има малку правни лекови за родителитекои ќе примат погрешна сперма. Некои сметаатдека санува збор за измама, но судовите имаат главно став дека нема никаква повреда на правото и законот доколку е детето здраво.

Судот би можел да каже, не сте го добиле донорот кој сте го сакале, но како знаете дека еден донор е подобар од другиот““, вели Соња Сатер, професорка по право на Универзитетот Џорџ Вашингтон која се занимава со биоетика.

Иако Администрацијата за храна и лекови (ФДА) го регулира репродуктивнто ткиво како што се спермата и јајце клетките за да се спречи пренесување на болести, таа не се занимава со процесот на селекција на донаторите.

Сепак, би можелода дојде до правни реформи откако е откриен длабоко вознемирувачки случај. Лекар за плодност во 70. и 80. години во Индијана користејќи ја сопствената сперма вештачки оплодил најмалку 46 жени.

Шеесетина луѓе сега веруваат дека овј лекар е нивен биолоки татко, а неколку од нив дури и почнале судскапостапка. Индијана во мај усвоила закон кој го регулира зачнувањето со помош на сперма од донори.

Врховниот суд во Сингапур во 2017. година го разгледувал случајот во кој спермата е случајно заменета па една брачна двојка добила дете од мешана раса.

Судот утврдил губење на „генетскиот сфинитет“ и ѝ доделил на брачната двојка 30 отсто од парична накнада за одгледување на дете во износ од 233.000 долари.

Фото: Pixabey

loading...