Дали е можно да се исправат клемпавите уши кај бебињата?

Со оглед на тоа што сите родители на светот на своите деца им сакаат само најдобро, ниту малку не треба да чуди што е измислен нов начин за исправање на клемпавите уши кај бебињата.

0
2777

Клемпавите уши знаат да бидат естетски проблем за децата, особено во пубертет, кога обично доаѓа до задевање од страна на врсниците, па многу родители дури и ги подвргнуваат децата на пластични операции уште во детството.

Лекарите во Велика Британија осмислиле начин на кој може да ги исправат клемпавите уши, ушите со чуден облик или со расцепи кај бебињата и на тој начин можат да се избегнат потенцијалните операции. Од дамнина се верува дека клемпавите уши можат да се исправат сами од себе па многу мајки и порано и сега им ги лепат ушите на бебињата со самолеплива лента или, кога станува збор за девојчиња, со украсна лента, а денеска за таа намена е осмислена посебна опрема.

Не станува збор за посебни скапоцени апарати туку за едноставни самолепливи лентички и марами кои ќе помогнат доколку му се пристапи на време.

Статистиката вели дека дури пет отсто од новороденчињата се раѓаат со неправилен облик на ушите, додека два отсто од бебињата се раѓаат со нормален облик на ушите кои до третиот месец од животот на некој начин се деформираат.

Хирургот за пластична и реконструктивна хирургија Британецот Дејвид Голт осмислил метод за исправање на ушите со кој, според него, може да се почне веднаш.

http://www.earbuddies.co.uk

Уредот за исправање на ушите помага за одржување на правилен облик на ушите на бебето такашто тие се држат што поблизу до главата додека е ткивото се уште меко. Во внатрешноста на увото се поставуваат мали шинички и се фиксираат со ленти, а целото уво се фиксира со поголеми ленти за главата. Притисокот што го врши малата шиничка ги исправа ушите доведувајќи ги во правилен облик. Пред да ги поставите сепак треба да се консултирате со лекар за да видите за каква деформација станува збор и на кој начин треба да се постават. Раководете се од тоа дека колку е помало бебето толку пократок период ќе му треба за носење на шиничките и лентичките. Пожелно е да се носат 24 часа но во некои посебни пригоди, можете на кратко и да ги симнете.

Иако не постојат некои здравствени ризици од користењето на овој метод, треба да се обрне внимание за да не дојде до иритација на кожата поради самолепливите ленти или поради кубење на косичката.

Први знаци за деформација на ушите:

48 часа по раѓањето ушите на бебето имаат необичен облик.

Ушите по раѓањето изгледале нормално, но после два месеци почнале да добиваат клемпав изглед.

Краевите на ушите на бебето се нерамни или пресвиткани.

Лекарот ви кажал дека ушите доживеале компресија на породувањето и дека смаите не се исправиле.

На сајтот Earbuddies.com можете преку интернет да нарачате мал сет за исправање на ушите кои содржи две шинички, тенки и подебели самолепливи ленти, како и марами со кои можете да ги скриете уште на бебето.

Дали и вие би му го правеле ова на своето бебе?

loading...