Дали имате право на нова врска и како да ги запознаете децата со својот партнер?

Една од најголемите дилеми на разведените и самохрани родители е како и кога да ги запознаат децата со својот нов партнер или партнерка. Што велат психолозите за ова? Какво е вашето искуство?

0
260

Една од најголемите дилеми на разведените и самохрани родители е дали, како и кога да ги запознаат децата со својот нов партнер или партнерка. Притоа, психолозите велат дека „роковите“ не се особено важни – многу е поважно да се има доверба во партнерот, а истовремено да го правите она што сметате дека е правилно за децата.

Пред да им го претставите партнерот на своите деца, размислете за следното:

-Имате право на нова врска, но таа на многу начини ќе делува на вашите деца. Внимателно размислете за тоа како ќе им ја објасните новата врска на своите деца во согласност со нивната возраст и емоционален развој. Колку брзо и лесно вашите деца се врзуваат за возрасни личности? Не зборувајте премногу за новиот партнер и не изнесувајте детали, особено ако не сте на чисто со тоа кон што води тој однос.

-Не бидете мистериозни затоа што децата веројатно знаат повеќе отколку што мислите. Најпрво подгответе ги за идејата за нова личност која им влегува во животот. Разговарајте со нив на само и бидете искрени и отворени колку што можете со оглед на околностите.

-Кажете им дека би сакале да ги запознаете со новиот партнер и прашајте ги дали е тоа во ред. Дури и ако кажат дека не се подготвени, одите во вистинска насока затоа што сте отворени и искрени. Дозволете да помине некое време и проверувајте што мислат за тоа.

-Морате да се запрашате за одредени работи за партнерот: Колку трае вашата врска? Колку добро го познавате, што знаете за него преку заедничките пријатели и познаници? Каков е кога е под стрес, како се однесува во проблематични ситуации? Што мисли за тоа да го запознаете со децата? Гледате ли двајцата на својата врска како на долгорочна?

-Не им приредувајте изненадувања. Не сакаат да го запознаат вашиот партнер на маса за појадок, на школска приредба или на очигледно планирана „случајна“ средба во продавница. Наместо тоа, јасно покажете им ја намерата. Прифатете ги нивните реакции и дајте им време да ја „сварат“ новата ситуација и да кажат што мислат.

-Мора да мислите на следното: колку и да се трудите да помине сѐ добро, можеби на децата нема воопшто да им се допадне вашиот нов партнер. Не ги форсирајте ниту нив, ниту него.

-Пред да доведете некого дома, бидете сигурни дека децата знаат дека вашата љубов кон нив е неограничена и безусловна. Но во тоа можете да поставите граници и правила, на пример, да очекувате од нив да соработуваат и да бидат љубезни.

Фото: Pixabey

loading...