Дали имате љубов за давање?

Утре, од 10 до 11 часот на скопскиот плоштад отпочнува кампањата „На секое дете му треба семејство“

0
82

Со пораката „Дали имате љубов за давање“, утре, петок, 1 јуни на „Плоштад Македонија“ од 10 до 11 часот,  Министерството за труд и социјална политика и  УНИЦЕФ ќе ја отпочнат кампањата која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да мобилизира поддршка за решенија за грижа за деца во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.

Иницијативата е дел од заложбите на Владата да обезбеди услови за секое дете без родителска грижа во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина. Тоа се постигнува преку вложување во превентивни активности и поддршка на биолошките семејства; развивање нови форми на згрижување и проширување на мрежата на згрижувачки семејства; инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа преку нивна стандардизација и вложување во рана детекцијаи рана интервенција на тешкотии во развојот кај децата.

loading...