Дали и вас ве мачи овој проблем?

Повеќето родители ги мачи тоа што често не завршуваат со работата до 17 часот, а нивните деца се на училиште до 12 или 13 часот.

0
73

Во земјите како Америка, Австралија, Канада, но и кај нас, едно од најчестите прашања кои си го поставуваат родителите е што да се прави во такви ситуации кога работното време на родителите е до 17 часот, а децата завршуваат со часовите до 12 или 13 часот.

„75 отсто од жените кои имаат деца во основно училиште, се вработену. Само пола од американските јавни училишта нудат продолжен престој, а листите на чекање се долги“, пишува The Atlantic.

Според истражувањето кое го спровела непрофитната организација After School Alliance, на секое дете во продолжениот престој доаѓаат две кои би го одбрале доколку би бил достапен.

„Едноставно не постои доволно место за децата на кои им треба грижа после наставата, а да се најде алтернатива е тешко. Повеќето дадилки не се занитересирани за работа само два часа дневно, а таквите услуги не им се достапни на сите затоа што се прилично скапи“, наведува The Atlantic.

Тој проблем создава економски и социјален трошок од 55 милијарди долари, открил извештајот кој го објавил Centers for American Progress. Прво, затоа што многу жени не можат да работат полно работно време, а втора причина е што многу родители мораат да земаат слободни денови кои се главно неплатени за да можат да се грижат за децата кога училиштата не работат.

Имено, во Америка се училиштата затворени 29 дена годишно во што не се вклучени летните празници. Кога родителите не можат да изостанат од абота, децата ќе го минуваат времето пред екраните, лошо ќе се хранат и ќе развијат ризично однесување, наведува Centers for Disease Control.

Според пишувањето на The Atlantic, три тсто од осношколците и 19 отсто од средношколците се препуштени на себе од 15 до 18 часот. Можно решение може да се најде во Скандинавија, кадешто децата одат на настава од 9 до 14 часот, а родителите работат скратено.

Според статиската, во Финска во 2016. 71 отсто од родителите одбрале да работат од 35 до 40 часа неделно, а 19 отсто од 30 до 34. Само 10 отсто работат подолго од типичните 40 часа неделно.

За споредба, во Америка нормата е повеќе од 40 часа. Според анкетата на Галуп од 2014., просечен работник во Америка на работа минува неделно 47 часа.

 

loading...