Дали и вие би ја изеле постелката на своето бебе?

Иако лекарите предупредуваат дека може да биде многу опасен, овој тренд наместо да стивне, станува сè попопуларен.

0
137

Чинот на јадење на плацентата по породувањето се нарекува плацентофагија.

Тоа е постапка во која мајката јаде плацентата, течноста и ткивото кои се породуваат непосредно по раѓањето на детето. Плацентата е орган што се создава во бременоста веднаш по зачнувањето и му овозможува на детето да се развие и да живее во матката, а делува како слузава медуза.

Трендот што започна во САД сѐ повеќе се шири во Европа, а како причина за јадење на плацентата се наведува и тоа дека ова често го прават животните, особено женките кучиња.

Кај повеќето цицачи, мајката ја прегризува папочната врвка и ја јаде плацентата, што дополнително го намалува крварењето по породувањето, а на некој начин, во дивината, на овој начин „се кријат доказите“ со цел да се заштитат младенчињата.

Плацентофагијата стана популарна меѓу sвездите како Ким Кардашијан-Вест и Џенуари Џонс. Оние кои го прават тоа веруваат дека ова го намалува ризикот од постпородилна депресија, го подобрува расположението, ја зголемува енергијата и ја поттикнува лактацијата. Но, здравствените експерти предупредуваат дека ова може да доведе до компликации кај бебињата, дури и да резултира со сепса.

Студијата спроведена од Центрите за превенција и контрола на болести на САД и открила дека некои доенчиња имале потешкотии во дишењето откако нивните мајки конзумирале капсули од плацентата, кои биле инфицирани со бактеријата стрептокока.

На времето дури и Том Круз, познат и како закоравен скиентолог, не можел да му одолее на морбидниот тренд и иако не е мајка, ја изел плацентата на неговата поранешна сопруга Кети Холмс. Овој нов тренд станува сè попопуларен, а лекарите предупредуваат дека може да биде многу опасен

Деновиве и битанската јутјуберка Британи Борен Лич која 10 месеци откако починал нејзиниот тримесечен син, го родила синот Кол, ја споделила со своите следбеници веста дека ја испратила плацентата до компанија која ја претвора во капсули за да може да ја изеде.

Во меѓувреме, според извештајот од Портланд, САД, во болница е примено бебе со опасна респираторна инфекција предизвикана од стрептококи. По внимателна анализа, лекарите заклучиле дека инфекцијата е поврзана со фактот дека мајката ја јадела плацентата и ја пренесувала бактеријата на детето, пишува Дејли Бист.

Сѐ повеќе жени одлучуваат да ја проголтаат плацентата по породувањето. Се јаде сирова, варена, помешан во пијалок или сушена и се става во капсули, со цел да се спречат или намалат негативните последици од породувањето.

Бројни рецепти и кулинарски упатства за подготовка на плацентата на различни начини може да се најдат и на Интернет.

Фото: Pixabay

loading...