Дали и колку долго треба да го пуштите бебето да плаче? Експертите го имаат одговорот

Иако е контроверзен, методот на исплачување на детето (cry it out или скратено CIO) го практикуваат некои родители.

0
222

Методот е осмислен во 1980. година од страна на Др. Марк Вајсблут, автор на книгата Healthy Sleep Habits, Happy Child (Здрави навики за спиење, Среќно дете), кој тврди дека овој метод всушност го учи новороденчето како само да се смири и да се ослободи од негативните навики за заспивање како што е носењето. Како што објаснува, идејата е родителите да го остават бебето во креветчето и да го пуштат да плаче, освен ако не е гладно, жедно или му треба промена на пелената.

Прашањето што се поставува е колку долго треба да се остави бебето да плаче?

Прво, мора да се знае како да се разликуваат двете методи на исплачување. Освен CIO, постои и COT, кој се нарекува Ферберов метод. Разликата е во тоа што Вајсблут ги охрабрува родителите да не интервенираат, додека Фербер советува одвреме навреме проверка на детето. Неопходно е да се продолжи периодот помеѓу кој го проверувате детето секоја вечер, сè додека на крајот повеќе нема да морате да го правите тоа.

„Проверките се наменети повеќе за родителите отколку за децата. Препорачувам да го проверувате вашето дете на секои пет минути. Тоа значи да влезете во собата и да му кажете: „Те сакам, време е за спиење, добра ноќ.“ Земете го детето во раце, задржете се во собата или покажете му на детето дека вознемиреноста не помага“, вели педијатарот др. Крег Канапари за Ромпер.

Препорака на психологот др. Линел Шнаберг е постепено да се зголемува времето на проверување на детето.

„Родителите можат да го погледнат детето првиот ден после пет минути, потоа после 10, па после 15 минути и така сè додека не заспие“, советува таа.

Важно е да се напомене дека сите експерти напоменуваат дека тренингот за спиење треба да започне кога бебето е на взраст помеѓу четири и шест месеци.

„Дури тогаш сонот станува поорганизиран и попредвидлив, и отприлика на оваа возраст, децата немаат потреба да јадат навечер заради физиолошка потреба“, додава Шнаберг.

Ако се одлучите за овој метод на заспивање на детето, треба да го нахраните, да му ја смените облеката, да спроведете пријатна рутина, да ги придушите светлата и да заминете.

„Бидете сигурни дека детето не може да падне од креветчето, околината за спиење мора да биде безбедна. Исклучете ја гласната музика и мониторот за бебиња за да го слушнете бебето. Кога детето е тивко, повторно вклучете го мониторот“, посочува педијатарот и напоменува дека не треба да се обесхрабрувате.

„Овие методи се исцрпувачки, но ќе го забавите напредокот ако постојано го проверувате вашето дете. Кога ќе почувствувате дека ќе се расплачете, запомнете дека неколку студии покажале дека тренингот за спиење е безбеден и ефикасен и не му штети на детето. Максималната количина на плачење во текот на првата ноќ е околу 40 минути. Дури и ако вашето бебе плаче до ниво на повраќање, треба да се смири до крајот на првата недела, а проблемот целосно ќе исчезне до крајот на втората недела од тренингот“, тврди др. Канапари.

Ако мислите дека овој вид на тренинг не е вистинскиот избор за вашето дете, не мора да го користите.

Фото: Pixabay

 

loading...