Дали кога бевте мали ви велеа: Ако некој те удри, врати му!

Многу често родителите ги подучуваат децата да не се тепаат, освен, ако некој не почне да ги тепа нив. Во тој случај, треба да возвратат. Сите знаеме дека насилството не е решение, но понекогаш може да биде добра лекција за насилникот. Што мислите вие?

0
284

Австралијанската блогерка и мајка, Лора Маца, сподели на Фејсбук многу искрен пост за инцидент во кој неодамна бил вмешан нејзиниот син.

Според нејзината верзија на приказната, нејзиниот син бил малтретиран од друго дете. Не верувајќи дека учителката ќе преземе нешто, тој одлучил да ги земе работите во свои раце. Лора тврди дека ваквото однесување не е карактеристично за нејзиниот шестгодишен син, кој е „мирен по природа“. Затоа, таа не се сомневала дека сигурно имал добра причина да одлучи да удри друго дете и го замолила да ја каже вистината.

„Постојано го прашував зошто го сторил тоа, а тој не сакаше да ми каже. Ми рече дека нема да му верувам и дека учителката не му верувала затоа што тоа дете секогаш се преправало дека е тоа повредено”, напишала таа.

Му објаснила на својот син дека нема да има проблеми ако ѝ ја каже вистината, и тој го сторил тоа.

„Ми рече дека другото момче го тепало, а кога му рекол да престане, тој го истуркал од игралиштето и потоа избегал“, додава таа.

Тогаш нејзиниот син се стрчал по момчето кое го предизвикувало и го удрил по лицето за да знае дека повеќе не треба да го малтретира.

„Знаев дека учителката нема да направи ништо, па морав да го спречам да ме малтретира“, ѝ рекло момчето на мајка си.

Таа му се заблагодарила за неговата искреност и разговарала со него за поинакви начини за решавање на конфликтот.

„Но, дали бев горда? Да, малку. Знам дека насилството не е одговор, но исто така знам дека кога станува збор за насилници, мора да им се спротивставите. Среќна сум што го направил тоа. Жал ми е што не бев таму за да го заштитам и што возрасните го изневерија, но мило ми е што се зазема за себе затоа што тоа дури и кога сте возрасни е се уште една од најтешките работи“, пишува Лора и додава: „Сакам моите деца да знаат дека лошите момци не победуваат“.

Иако повеќето родители реагираат позитивно на нејзината објава и признаваат дека и самите го делат нејзиното мислење, тоа не е случај со една наставничка. Во нејзините коментари, таа ѝ вели дека нејзиниот син секогаш треба да бара помош од неговата учителка, затоа што ситуации како оваа „можат да бидат стресни за наставниот кадар“.

„Би го прашала дали некогаш на некое возрасно лице на училиште му кажал за овој ученик и за неговото однесување. Ако поднел неколку извештаи и ништо не е сторено, искрено, малкумина од нас ги игнорираат извештаите за насилно однесување. Да, можеби нема да видиме, но ако биде пријавено, треба да се сфати сериозно. И наставниците и училиштата можат да бидат тужени ако не се обидат да ја заштитат жртвата“, вели наставничката.

Исто така, има и такви кои сметаат дека разговорот со родителите на второто дете е најдобриот начин да се реши оваа ситуација, пренесува The Sun.

Фото: Pixabay

loading...