Дали лошите ученици се поуспешни во животот? Како оценките влијаат на иднината?

Откријте како најголемиот незналица станал нобеловец и како најлошиот студент стана најголемиот лидер на светот.

0
145

Како што веќе знаеме, добрите оценки не секогаш ни гарантираат билет за среќна иднина, и не важи правилото дека оние што биле лоши на училиште, по дипломирањето, автоматски остануваат невработени.

Меѓу необразованите има богати, славни, успешни и упорни, на кои многумина им завидуваат. Интелигенцијата е апстрактен поим, а академскиот успех не е секогаш најдобриот начин таа да се измери. Успехот на дипломиран академски граѓанин е дефиниран врз основа на она што го постигнал надвор од институцијата, а училиштето не е секогаш вистинска подготовка за она што не чека во самостојниот живот.

На пример, Стив Џобс никогаш не завршил колеџ, ниту Марк Цукерберг или Бил Гејтс. Сергеј Королев, кој го испрати првиот вештачки сателит во вселената, бил прилично лош на училиште. Владимир Мајаковски бил толку лош ученик што не можел да ја прочита до крај „Ана Каренина“.

Дури и Јосиф Бродски бил еден од најголемите незналици на училиште, што не го спречило да добие Нобелова награда за литература. Успехот бара страст, истрајност, емоции, способност да се преживеат тешки моменти и, особено, да се разбере вредноста на неуспехот. Затоа, толку многу луѓе, од кои никој не очекувал никакво достигнување поради слабиот успех во училиштето, сега владеат со светот. Тие разбираат што значи да се бориш, бидејќи, за разлика од одличните ученици, тие уште од детството научиле да ги контролираат и надминуваат своите неуспеси. За разлика од одличните ученици, тие не се плашат да ризикуваат, да ги кршат правилата и затоа можат да создадат нешто оригинално.

Ученик со слаб успех е обично лидер во неговиот круг на пријатели, тој е подготвен да ги предводи другите, вешто избегнувајќи го училишниот систем. Меѓу таквите индивидуи, има најголем процент на креативни луѓе, кои не размислуваат на класичен начин.

Психолозите се сигурни дека нив, едноставно, не ги интересираат сите предмети. На училиште нè учат дека „може да биде само така и никако поинаку“ и поради тоа ја губиме волјата да размислуваме надвор од она што нè учат и да ги решаваме проблемите поинаку. Многу богати луѓе се богати затоа што ја гледаат поголемата слика. Ним никој не им кажува дека тоа е невозможно. Тие секогаш ги прават работите на свој начин и како резултат на тоа, победуваат.

Сепак, тоа не значи дека лошите оценки на училиште обезбедуваат успех во животот, но дури и совршените резултати не се гаранција дека некој ќе постигне голем успех. Животот е дефиниран од нашиот карактер, искуството и врските, не само од училишните оценки.

Фото: Pixabay

loading...