Дали можете да претпоставите која е приказната што се крие зад оваа фотографија?

Не, не станува збор за истополова брачна двојка, приказната е многу ретка и многу поубава.

0
203

За некои разведени двојки, пронаоѓањето на нов партнер после разводот може да биде голем предизвик доколку имаат деца. Но постојат начини тоа да стане прекрасна приказна со среќен крај. Тоа го докажува и оваа фотографија на која девојчето со широка насмевка позира со својот татко и со својот очув.

Дилан Ленокс од Тексас објавил фотографии на кои се наоѓаат девојчето Вилоу, самиот тој кој наскоро треба да ѝ стане очув и нејзиниот биолошки татко Дејвид.

„Не, ние не сме истополова брачна двојка, но ја делиме ќерката. Дејвид е бившиот маж на Сара, а јас сум ѝ свршеник“, објаснил Дилан.

„Се соединивме во едно единствено семејство, ако не заради нешто друго, туку за да ги научиме децата за силата на љубовта. Не добив само ќерка, добив брат и најдобар пријател“, додал тој.

Фотографиите се дело на професиналната фотографка Сара, која е воедно и мајка на малечката Вилоу, која позира како вистинска кралица со двајцата мажи кои во нејзиниот живот заземаат еднакво важно место. На обајцата им се обраќа со „тато“.

„Кога ќе почнеме повеќе да се грижиме за нашите деца отколку што на тоа не научило друштвото, ѕидовите ќе се урнат, животот ќе биде ослободен од омраза и од каење, а децата ќе ги надвладеат лудите норми на кои не научиле“, напишал Дилан.

Image may contain: 1 person, smiling, wedding, beard and outdoor

И навистина, разведените двојки најчесто се претставуваат како смртни непријатели, но оваа приказна покажува колку може сѐ да е поубаво и поедноставно.

„Дејвид отседнува во нашиот дом кога доаѓа во посета затоа што семејството е секогаш добредојдено. Тој не е странец и секогаш ќе биде дел од мојот живот заради фактот што делиме ќерка. Секако, сето ова не би било можно без мама Сара и нејзиното великодушно срце. Вилоу Грејс сака толку луѓе на овој свет, како и нејзините татковци“, заклучил во објавата Дилан.

Image may contain: 1 person, smiling, outdoor

Фото: Фејсбук

loading...