Дали може да се забремени во менопауза?

Иако природното зачнување за време на менопаузата е ретко, тоа се случува. Ние често мислиме на менопаузата како за точка во која официјално ја губите менструацијата и повеќе не можете да забремените, но вистината е дека тоа е долг процес на транзиција.

0
319

Баба го роди петтото дете: Мислев дека не можам да забременам во менопауза

Кога на Мишел Хол од Флорида ѝ рекле дека и официјално влегла во менопауза, претпоставувала дека веќе не може да забремени. Веста не ја шокирала – таа имала 50 години, четири деца, па дури и внуци.

Но, веста што пристигна само неколку месеци подоцна – дека е бремена и дека ќе роди машко дете – била сосема друга приказна.

Според „Naples Daily News“, Мишел била шокирана од оваа вест и се прашувала како можела да не ги забележи симптомите. Таа не чувствувала ниту еден вообичаен знак на бременост, како што се утринска мачнина или зголемување на телесната тежина. Повремено чувствувала невообичаени болки, но им ги припишувала или на менопауза или на лупусот, со кој се борела во последните 10 години.

Кога нејзиниот лекар ѝ рекол дека е во 26-та недела од бременоста, таа и нејзиниот сопруг Џери имале помалку од два месеци да се подготват за раѓањето на нивниот син. Мишел за NDN изјавила дека откако поминал првичниот шок, ја обземал страв и вознемиреност поради размислувањето за иднината. Поради нејзината возраст и лупусот, таа автоматски била категоризирана како ризична, „геријатриска“ бременост и ѝ бил закажан царски рез.

Во следните недели, Мишел се грижела исклучително добро за себе, одела на лекар за да го следи напредокот на својата бременост и почнала да се чувствува возбудено од доаѓањето на нов член на семејството. Како што се ширела веста меѓу нејзините деца и пријатели, среќата станувала уште поголема.

„Бебето сигнализира нов почеток“, верува Мишел, која има три возрасни деца од претходната врска и 14-годишна ќерка со Џери.

Сепак, првите денови по раѓањето на момчето биле многу стресни за сите. Тој бил задржан во болница поради малата тежина и бил набљудуван поради проблеми со дишењето. Но, по 12 дена, нивното мало момче се извлекло и тие конечно можеле да здивнат и да си го земат дома, пишува Mom.com.

Иако во последните години е забележан поголем број жени кои раѓаат во четириесетите и педесетите години, повеќето од овие бремености се постигнати преку потпомогнато оплодување. Затоа, природната бременост на Мишел е уште понеобичен феномен.

Иако природното зачнување за време на менопаузата е ретко, тоа се случува. Ние често мислиме на менопаузата како за точка во која официјално ја губите менструацијата и повеќе не можете да забремените, но вистината е дека тоа е долг процес на транзиција. Телото не ја губи целосно способноста за овулација одеднаш; Прво доаѓа перименопаузата, бидејќи телото се подготвува за промени. Дури и откако ќе влеземе во менопауза, телото и понатаму може да овулира, пренесува Medial News Today.

Фото: Pixabay

loading...