Дали му се лутите на својот тинејџер кога ќе видите дека пак спие?

Ако сте го „фатиле“ својот тинејџер дека повторно спиел десет часа, не го карајте затоа што отприлика толку сон и навистина му треба.

0
227

На вашиот тинејџер му требаат 10 часови сон во континуитет, па затоа не го карајте ако го „фатите“ дека спие толку долго. Така тврди Џоди Миндел, стручњак за детски сон, кој направил пресметка колку часа сон им се потребни на децата и во која возраст.

„На адолесцентите им се навистина потребни 9 до 10 часови сон за да се развиваат нормално – вели Миндел. Знам дека вам некогаш ви изгледа дека тие без потреба се излежуваат, но пуштете ги, имаат на тоа право, но и оправдување.

Стручњакот не уверува дека на децата од предучилишна возраст им е потребно уште повеќе сон, и тоа дури 12 во континуитет. Исто толку би требало да спијат ноќе децата на возраст помеѓу две и три години, со тоа што тие треба да спијат и час или два во текот на денот. Дури кога ќе наполнат четири години, децата не мораат да спијат дење, но важно е да имаат доволно часови ефективен сон ноќе, за да може нормално да растат и да се развиваат.