Дали на бебињата им треба перниче за спиење?

Многу педијатри сметаат дека токму ставањето на перничиња или ќебенца во креветчињата е причина за синдромот на ненадејна смрт кај бебињата.

0
315

Кога постојат толку многу работи кои денеска важат како дел од задолжителната опрема што треба да ја имате за вашето бебе да има се што му е потребно, навистина е тешко да распознаете што му е навистина неопходно, а што е само тренд кој освен што е непотребен, понекогаш може да биде и опасен.

Перничето за бебе е еден од таквите производи, а дали ви е навистина потребно (и воопшто, безбедно) дознајте подолу во текстот.

Новороденчињата би требало да спијат на тврда, рамна и удобна површина. Перничињата, особено оние меките и несоодветни за бебињата може да доведат до гушење на бебето. Многу педијатри сметаат дека токму ставањето на перничиња или ќебенца во кревтчињата на бебињата се причина за синдромот на ненадејна смрт.

Перничиња за спиење најчесто не се препорачуваат за бебињата помлади од 2 години. Најдобро е на бебето да му се даде перниче тогаш кога од колевка ќе се пресели во креветче (најчесто помеѓу 18. и 24. месеци). Во првите две години од животот бебињата не чувствуваат непријатност ако немаат перниче за спиење.

Ако сепак сакате на бебето да му ставите перниче во колевката, одберете рамно, најмало и цврсто перниче. Никако не му давајте на бебето меко перниче, а особено не од пердуви кои можат да предизвикаат и алергиски реакции и да доведат до гушење на бебето. Перничињата за бебиња се најчесто мемориски, синтетички, сунѓерасти и антиалергиски.

Перничиња најчесто се препорачуваат за бебиња кои имаат здравствени проблеми како што се болести на рбетот и деформации на черепот. Во тие случаи ортопедско или анатомско перниче за бебето препорачува педијатарот.

loading...