Дали некогаш сте се запрашале што значи да се биде добар родител од детски агол?

Без оглед каков родител сте, попустлив, посесивен, без граници, постојат некои особини кои се карактеристични за добрите родители.

0
381

Педијатарот Кристи Риверс го прашала својот седумгодишен син што значи да се биде добар родител. Тој ѝ одговорил дека добриот родител не вика и дека ги носи своите деца на роденденски забави, дека им купува подароци, ги води на летување и на зимување, и се гушка со нив.

Овој едноставен и искрен одговор ја насмеал и истовремено ја навел на размислување. Таа вели дека колку подолго размислувала за неговите зборови толку подобро ја сфаќала вистината скриена во нив.

Како педијатар, Кристи се среќава со родители со различен имотен статус. Еден ден е тоа семејство од прифатилиште, а друг ден е богато семејство. Од оваа поделба сфатила дека вистински родители се оние кои имаат цврст карактер без оглед на состојбата на нивното банкарско конто или на нивото на образование што го имаат.

Ова се, според неа, петте вистини кои се однесуваат на добрите родители:

Добрите родители ги контролираат своите емоции

Тие не реагираат на секој излив на бес на детето, на секој безобразлук или превртување со очи. Знаат кога треба да поминат преку некои работи, како да опоменат за лошо однесување, а да не ја изгубат својата ладнокрвност пред разгаленото дете или пред раздразливиот тинејџер.

Добрите родители секогаш ја покажуваат својата љубов.

Истражувањата покажале дека децата кои родителите често ги прегрнуваат и ги галат кога ќе пораснат се подобри и поемпатични личности. Добрите родители не ги штедат прегратките, а за возврат нивните деца се чувствуваат посигурни и позадоволни.

Добрите родители поставуваат граници заради сигурноста на своите деца.

Некои родители се плашат дека поставувањето на граници ќе доведе до конфликти без оглед дали е детето мало или е тинејџер. Во стварноста, добрите родители сфаќаат дека колку што се децата посвесни за границите, помалку ќе имаат желба да ги кршат.

Добрите родители ја почитуваат независноста на своите деца.

Kако што детето кое учи да оди не мораме постојано да го држиме за грб, така и поглемите деца не мораме постојано да ги чуваме од паѓање. Иако е дел од нашата природа да ги чуваме, добрите родители знаат дека секоја грешка води кон независност.

Добрите родители се забавуваат со своите деца.

Родителите се често преокупирани со воспитување на совршено дете, од часови по клавир до кошаркарски тренинг. Но денот трае само 24 часа и затоа не останува време за забава. Родителите треба да поминат квалитетно време со своите деца затоа што среќата што децата ја чувствуваат тогаш, создава нераскинливи врски кои ќе ги следат во текот на целиот период на растење.

Децата едноставно знаат што им треба за да се чувствуваат сигурно и заштитено. Често родителите во книгите или на интернет бараат упатства како да ги воспитуваат децата. Но без оглед каков родител сте, дали сте попустлив, посесивен, без граници, постојат некои особини кои се карактеристични за добрите родители.

Фото: Pixabey

loading...