Дали разговаравте со своите деца за расизмот?

По протестите што избувнаа поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, а како последица од несразмерната полициска бруталност против афроамериканската заедница, многу славни личности јавно реагираа, а некои на социјалните мрежи открија и на кој начин ги образуваат своите деца за расизмот и за неговите последици. Дали сте зборувале со вашите деца на оваа тема?

0
31

Многу славни личности јавно реагираа на кризата предизвикана со убиството на Џорџ Флојд, а некои на социјалните мрежи откриле и на кој начин тие ги образуваат своите деца за расизмот и за неговите последици.

Викторија Бекам открила дека по убиството на Џорџ Флојд, таа со нејзиниот сопруг Дејвид решиле да седнат со своите деца и да разговараат за расизмот.

„Невозможно е да не сте длабоко трогнати од трагичната смрт на Џорџ Флојд. Многу размислував за тоа, а како мајка на четири деца најмногу ме допре тоа колку е важно да не седиме и да гледаме сè од страна без да сториме ништо. Како семејство овој викенд поминавме многу време зборувајќи и читајќи за ова прашање“, напишала модната дизајнерка.

Таа исто така открила дека нејзините деца биле шокирани од работите што се случувале.

Рис Витерспун открила на Инстаграм дека нејзиниот седумгодишен син ја прашувал во текот на вечерата што вознемирило толку многу луѓе во последно време. Наградуваната актерка додала дека таа му кажала за трагичната смрт на Џорџ Флојд, признавајќи дека станува збор за нешто што го крши срцето. Таа додала дека граѓаните мора „да бидат одговорни за она што се случува во нивната земја“.

„Кога растев одев во црква. Нè учеа дека сите сме исти во очите на Бога. Сите дишеме ист воздух. Сите крвариме со иста крв. Но, тоа не беше она што го гледав како што растев. Тешко ми беше да ја помирам разликата помеѓу она што го учев во црквата и она што го гледам во светот. Јас не го сакам тоа за моите деца. Или за твоите“, порачала таа.

„Ве молам разговарајте со своите деца за расизмот, привилегиите, ароганцијата и омразата. Ако не разговарате со нив, некој друг ќе разговара“, ги повикала таа своите следбеници.

Ванеса Брајант споделила трогателна илустрација на Инстаграм која ја истакнала важноста на подучувањето на децата за неправдата. Покрај сликите на срце, куќа и на земјината топка, зборовите покрај секоја од нив гласат: „Додека не ги поправите работите овде [срце] и не ги адресирате тука [дома], овде [светот] ништо не се менува“.

Фото: Unsplash

loading...