Дали се бањате заедно со своето дете?

Неверојатно е како луѓето можат претерано да го сексуализираат односот дете-родител. Да се ​​биде гол со децата е релативно природна работа, но за родителите тоа може да звучи некако ... страшно.

0
217

Една мајка неодамна објавила на Reddit пост за заедничкото бањање во када со својот син и го поставила прашањето дали е ова добро за детето или му штети?

Неверојатно е како луѓето можат претерано да го сексуализираат односот дете-родител. Да се ​​биде гол со децата е релативно природна работа, но за родителите тоа може да звучи некако … страшно.

Една мајка објаснила што ѝ се случило кога случајно го спомнала заедничкото бањање со својот син.

„Разговарав со пријателот и споменав дека мојот син не сака да се тушира, но  сака да се бања во када, па затоа кога ќе подготвам бања за него, обично се бањаме заедно“, напишала таа на „Редит“.

„Ставаме многу играчки, кантички затоа што тој сака да претура вода. Ако ме прашате мене, тоа е добитна ситуација. Може да ги мијам и мојата и неговата коса во исто време, а тој обожава кога си играм со него во кадата”.

Но, нејзиниот пријател сметал дека оваа за неа симпатична анегдота не е ниту малку симпатична ниту слатка.

„Одговорот што го добив не беше како што очекував“, напишала таа. „Тој се згрози. Рече дека е тоа многу несоодветно, особено затоа што тој е машко и дека јас емотивно и евентуално сексуално го злоупотребувам мојот син. Не се согласив со него и имавме голема расправија“.

Мајката потоа прашала дали треба да престане да се бања со својот син?

Дали бањањето со детето е навистина толку ужасно нешто, што можат да ти кажат дека сексуално го злоупотребуваш синот?

Дали децата се срамат од своите тела?

Според психолозите, децата не се срамат од своето тело. Не им е грижа дали им се гледа раката или газот – за нив е исто додека се на возраст до околу пет години. Тие не се срамат, но нивните родители им го наметнуваат тоа чувство преку социјалните норми. На возраст од 2 до 4 години, тие допрва го откриваат сопственото тело.

Тоа е нивно тело и тие се чувствуваат добро со сите негови делови. Кога влегуваат во егзибиционистичката фаза, сакаат да истражуваат и да покажат, сакаат да видат што имаат другите. Тие се заинтересирани за разликата помеѓу девојчињата и момчињата. И во своето семејство ги гледаат разликите и тука почнува идентификацијата со одреден пол, која се јавува на возраст од околу шест години.

Кога е време да се престане со заедничко бањање?

Се препорачува да не продолжувате да бидете голи пред децата или да се бањате со нив, ако забележите дека ја вртат главата на другата страна кога ќе ве видат голи. Тоа значи дека им е непријатно. Во период од петата до осмата година кај децата се јавува чувство на срам и потреба за приватност па престануваат да ги покажуваат своите интимни делови. Додека не се случи тоа, …ако и вие го практикувате заедничкото бањање со вашето дете, не се грижете.

Фото: Pexels

loading...