Дали се плашите од сопствените деца?

Ако се плашиме од родените деца, тие ќе пораснат во себични, нетрпеливи и груби возрасни. Нема да биде нивна вина, туку наша. Никогаш не ги научивме поинаку ниту очекувавме повеќе од нив.

0
149

Воспитувањето деца во денешно време може да им се одбие од глава на родителите, како бумеранг.
Британската дадилка и авторка на книгата „Биди смирен родител“, Ема Џенер, има 20 години професионално искуство зад себе, кое го стекна со работа на два континента.

Ема сериозно се плаши од начинот на воспитување на децата денес и ги издвои петте најголеми проблеми.

Се плашиме од сопствените деца

Децата имаат премногу контрола над своите родители, а тоа го покажува едноставен тест со шолјичка, вели Ема. „Ако мајката му стави на детето млеко во сина шолја, а тоа рече дека сака да пие од друга, јас внимателно набљудувам како реагира родителот: Во повеќето случаи, тој брза да го префрли млекото во друга шолја, додека детето не збеснало. Голема грешка! Од што се плашите, мајки?“

Не очекуваме многу

Кога децата се однесуваат лошо, на јавно место или меѓу четири sида, родителите креваат раменици во стилот „Па, такви се децата“. „Верувајте ми, тие не мора да бидат такви“, вели Ема, додавајќи дека децата се далеку поспособни отколку што мислат нивните родители, без разлика дали станува збор за манири, почитување на возрасните, домашни работи, дарежливост или самоконтрола.

„Дали мислите дека детето не е во можност да седи во ресторан за време на вечера? Глупости. Мислите дека не може да ја исчисти масата ако му кажете? Уште една глупост! Единствената причина што тие не се однесуваат правилно е затоа што не сте ги научиле на тоа и не го очекувате тоа од нив! Едноставно е. Подигнете ги вашите стандарди и детето ќе се прилагоди на нив“.

Не ги прифаќаме мислењата и советите на другите

Во минатото, возачите на автобуси, наставниците, продавачите и другите родители имаа „право“ да предупредат дете кое се однесува лошо. Тие беа очи и уши на родителите кои не се присутни и сите работеа со иста цел: воспитување на пристојни момчиња и девојчиња. Тие беа поддршка на родителите. Денес, кога некој што не е родител, се осмелува да предупреди дете, мајката и таткото полудуваат.

Нивното дете е совршено, па затоа често не го прифаќаат мислењето на другите кои мислат дека не е така.

Тие ќе го нападнат наставникот наместо да го казнат детето кое било безобразно на часот. И воопшто не помага тоа што денес родителите си судат едни на други, наместо да се поддржуваат. „Кога ќе видат нечие дете како беснее, сите ја осудуваат мајката која го дисциплинира, а би требако да кажат: „Еј, во право е, му поставува граници на детето, а тоа не оди лесно!“, објаснува Ема.

Се потпираме на кратенки

„Прекрасно е што родителите имаат разни електронски помагала за да им помогнат за време на патувањето и на лекар. Денес, родителите се позафатени од кога било досега, и јас секогаш сум за тоа да им се олесни кога е потребно“, вели оваа искусна дадилка. Но, овие помагала се искушение за родителите, кои почнуваат да ги користат сè почесто, па децата не учат самостојно да се забавуваат.

Детските потреби секогаш се на прво место

Добро е што децата се приоритет за нивните родители. Но, денес тоа отиде предалеку, предупредува Ема, затоа што родителите ги занемаруваат своите потреби и нивното ментално здравје поради нивните деца. „Постојано гледам мајки кои повторно и повторно стануваат од кревет за да му угодат на детето. Или татковци кои оставаат сè за да тркнат по сок за својата жедна ќерка“.

Сосема е нормално тој татко да рече: „Секако дека може да добиеш вода, но само кога ќе наидеме на следната славина.“ Не е лошо да кажете „не“ од време на време, не е воопшто лошо, ниту да го замолите вашето дете само да се забавува додека одите во тоалет или подготвувате ручек.

„Се плашам дека ако не почнеме да ги исправаме грешките, нашите деца ќе прераснат во себични, нетрпеливи и груби возрасни. Нема да биде нивна вина, туку наша. Никогаш не ги научивме поинаку ниту очекувавме повеќе од нив.

Ние секогаш сакавме сè да им биде „под конец“, и кога, неизбежно, ќе престане да биде така, детето нема да биде подготвено“, предупредува Ема и повикува: „Очекувајте повеќе. Ајде да ги доведеме во ред овие деца и да ги подготвиме на време да бидат независни и успешни во реалниот свет, а не да бидат презаштитени во оној што го создадовме за нив“.

Фото: Pexels

loading...