Дали смеам да ти ја сменам пелената?

Австралиска градинка ги налутила родителите со своите упатства дека треба да побараат согласност од своите деца пред да им ги сменат пелените. Што мислите вие за ова?

0
162

Објава на веб-страницата Only About Children, на австралиски давател на услуги за рано образование, нуди совети за тоа како треба „со почит да им се менуваат пелените на децата“. Тие тврдат дека менувањето пелени може да биде „важна можност за учење и изградба на односи“, известува News.co.uk.

Тие исто така забележуваат дека е потребно да се почека детето да престане со играта пред да се почне со менување на пелената.

„Дали светот стана целосно луд“, прашал еден родител коментирајќи го советот.

„Искрено мислев дека е доволен знак дека пелената треба да се смени кога бебето ќе почне да плаче и да вреска и тоа беше единствената согласност што ми требаше за да му сменам пелена“, додава друг.

Многумина го нарекоа предлогот глупав и патетичен.

„На детето треба да му дадете автономија и да го прашате: „Сакаш сам да одиш до масичката за пресоблекување или да те носам?“ Во случај на бебиња, треба да го прашате „како сака да ти се смени пелената“, советуваат тие.

Покрај тоа, на родителите им се препорачува да ги менуваат пелените полека, нежно и со целосно внимание. Од постаро дете може да се побара само да ја соблече пелената или да се избрише. Така, родителите ја охрабруваат независноста на децата.

Анџела Нгаваин, водителка на едукација во Only About Children, објаснила за Хералд Сан дека станува збор за методот РИЕ, кој вклучува „третирање на доенчињата и децата како единствена личност, а не како предмет“ и „охрабрување на децата да станат активни учесници од рана возраст, а не пасивни приматели”.

Што мислите вие за ова?

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]