Дали смеам да ти ја сменам пелената?

Таканаречената експертка Деан Карсон во ТВ интервју рекла дека пред менувањето на пелените треба да го прашаме бебето за дозвола. Корисниците на социјалните мрежи ја исмеале па морала да ги затвори сите свои профили.

0
316

Деан Карсон е експертка која ја поддржува теоријата на согласност кај децата. Таа сака да се нарекува себеси експерти за сексуалност, авторка и едукаторка.

Гостувајќи во ТВ емисијата ABC Мелбурн раскажала како пред менувањето на пелената треба да го прашаме бебето за согласност во стилот: „Сега ќе ти ја сменам пелената, дали е тоа ОК?“

Водителот напоменал дека бебето веројатно нема да одговори, а Карсон на тоа кажала дека е јасно дека бебето нема да одговори, но дека е важно да знае дека нејзиното мислење е важно.

„Ако почекате бебето да ви одговори со говор на телото и со контакт со очите, ќе му покажете  дека ви значи неговиот одговор“, рекла Карсон и додала дека е најважно да се работи со децата до третата година.

Карсон после ова интервју била исмеана на социјалните мрежи па била принудена да ги затвори сите свои профили. Тврди дека некои дури и ѝ се заканувале со смрт, пренесува independent.co.uk.

 

loading...