Дали со родителите се допишувате или разговарате во живо?

Модерната ера ги окупираше младите, а со тоа и нивното време, кое тие сè повеќе го трошат на сурфање на Интернет и занимавање со социјалните мрежи и со животот на нивните пријатели, и сето тоа во онлајн зоната, а не во живо. Сепак, дали е изгубена потребата од родителски совет и поддршка? Како комуницирате вие со своите родители и со своите деца?

0
80

Важно е каков одговор ќе дадете, бидејќи тоа е решение за многу проблеми!

Дигитално време, училиште, вљубување, дружење – а каде е времето за семејството и за разговорите во четири очи?
Младите сè повеќе немаат време за своето семејство, особено за своите родители, па така и се одвикнале да зборуваат со нив. Сè повеќе има млади луѓе кои своите тајни, проблеми и маки им ги доверуваат на пријателите или на интернет заедницата, наместо на своите родители и другите членови на семејството.

Модерната ера ги окупираше младите, а со тоа и нивното време, кое тие сè повеќе го трошат на сурфање на Интернет и занимавање со социјалните мрежи и со животот на нивните пријатели, и сето тоа во онлајн зоната, а не во живо. Сепак, дали е изгубена потребата од родителски совет и поддршка?

Одговорот е не, родителите не можат да ги заменат ниту пријателите ниту околината. Родителските совети и поддршката се еден од најважните фактори за нашите деца и млади да се развиваат на вистински начин и да развиваат способност да не потклекнат пред проблемите и навремено да ги препознаат и решат сите недоумици..

Исто така, многу е важно децата од раното детство да се навикнат на разговор во живо со своите родители и да пронајдат во нив, пред сè, пријатели кои секогаш и безусловно се со нив. Секојдневниот разговор со родителите е многу важна алка во секојдневјето и не треба да се откажуваме од таквите навики дури и кога ќе пораснеме. Сепак, она што се поставува како прашање е колку време имаме за нашите родители, а тие за нас? Колку внимание им посветуваме на нив, и тие на нас, и што е тоа што не ремети во сето ова?

Колку време е доволно, колку ни треба, колку тие се наш спас и зошто е важно да разговараме? Сите овие одредници и прашања доаѓаат со фактот дека имаме сè помалку време за какви било активности што не ги вклучуваат нашите мобилни телефони или компјутери. Ние ги сведовме разговорите на Интернет и на пораки. Разговорите во живо станаа привилегија на одделни луѓе, а некои лесно ја прифатија дигиталната комуникација наместо стариот добар разговор.

Се разбира, најважното прашање што сите треба да си го поставиме е:

Колку време дневно поминувате зборувајќи во живо со вашите родители?

1.До половина час
2.Околу еден час
3.Повеќе од два часа, а помалку од четири
4.Повеќе од четири часа

Можете да одговорите на прашањата и да го напишете вашето искуство во коментар.

Фото: Pixabay

loading...