Дали сте и вие хеликоптер родител?

Дали сте и вие родител кој со своето дете ја работи секоја негова домашна работа, наместо него ги решава проблемите во училиште и со пријателите, го контролира секој негов чекор? Ако се препознавате во овој опис, можеви и вие, иако не сте свесни за тоа, сте таканаречен „хеликоптер родител“.

0
199

Терминот „Хеликоптер родител“ се однесува на родителите кои се сеприсутни, постојано „леткаат“ околу децата, им ја попречуваат играта, ги барант од сите пожелни и непожелни фрустрации и не ги оставаат на мир.

Иако велат дека не се „хеликоптер“ модел на воспитување, истражувањата покажуваат дека од година во година има сѐ повеќе родители кои на своите деца, кажано во жаргон, не им даваат да дишат.

Терминот доаѓа од американската психологија, но ги опфаќа родителите кои премногу се ангажираат, премногу бдеат во однос на своите деца. Овој модел на родителство е погубен и за родителите и за децата. Родителите се нон-стоп во состојба на загриженост и оптоварену од желбата да го заштитат своето дете од сѐ.

Со овој стил на воспитување, велат психолозите, им праќаме порака на децата дека немаме доверба во нив, дека не веруваме доволно дрка тие сами ќе направат нешто добро, па заради тоа секогаш мора да се вмеша некој од родителите. Ова не е добро и затоа што децата од мали се навикнуваат на одреден вид на фрустрација како составен дел од животот.

Љубовта на родителот кон детето и неговата грижа не може да ги разбере оној кој не го почувствувал или не го доживеал тоа, меѓутоа, стручњаците велат дека постои граница помеѓу грижата и претераната грижа.

Родителот треба да е вклучен во животот на детето, треба да биде заинтересиран за тоа што му се случува, а исто така треба да го пдготви и детето и самиот себе дека е нормално да се случуваат грешки, дека е нормално да постои фрустрација и дека не може сѐ да се добие на готово. Како и во сѐ во животот треба да се најде баланс, но тој баланс е потребен за оптимум помеѓу контролата и хеликоптер родителството и нешто што се нарекува ангажиран и здрав родител. Доколку не сте сигурни каде е границата и како да се најде баланс, не се воздржувајте да побарате помош од педагог или психолог за да му овозможите на детето нормално растење, развој и осамостојување.

Фото: Pixabay

loading...