Дали тигар-родителството е премногу брутално или не?

Пред неколку години Ејми Чуа, стекна светска слава со својата книга во која тврди дека Кинезите се супериорни родители благодарение на начинот на воспитување, а деновиве, осврнувајќи се на своето детство, една од нејзините ќерки вели дека се повеќе го цени бруталниот стил на својата мајка.

0
357

Пред седум години Лулу го започнувала школувањето во средно училиште кога книгата на нејзината мајка, американска универзитетска професорка со кинеско потекло, насловена како „Војниот крик на мајката тигар“, станала меѓународен бестселер.

Во книгата Ејми го опишала својот строг кинески метод на воспитување кој го применувала на своите две ќерки, бунтовната Лулу и послушната Софија, која во тоа време веќе била примена на Харвард.

На девојчињата никогаш не им било дозволено да гледаат телевизија, да преспијат кај другарка и да одат на забави. Една од исповедите која најмногу ги згрозила читателите е приказната за тоа како одбила да ја прими роденденската честитка од својата четиригодишна ќерка затоа што сметала дека премногу несмасно направена.

Лулу морала да вежба виолина шест часа дневно, а двете девојчиња морале беспрекорно да свират и клавир под закана дека во спротивно ќе им бидат запалени нивните кадифени играчки. На секој неуспех, Ејми реагирала со навредување на своите ќерки, затоа што несовршеноста едноставно не била дозволена опција.

Сега Лулу има 22 години и наскоро ќе дипломира на Харвард, и како што вели, се чувствува подготвена да го освои светот – токму благодарение на својата мајка-тигар.

Лулу не се откажувала од напорната работа. Продолжила да вежба виолина, да реди одлични оценки и била однапред примена на Јејл, но на крајот сепак се одлучила за Харвард.

Меѓутоа, после години строго надгледување, оној момент кога стиугнала на факултет, родителите ја препуштиле сама на себе.

„Повеќе воопшто не се меша. Мислам дека дури и не знае кои предавања ги слушам. Смета дека нејзината работа е готова и се надева дека сум ги усвоила нејзините лекции, па или ќе успеам самата – или нема да успеам“.

Во текот на првата година на Харвард, Лулу открила дека нејзиниот жив от станал дел од програмата на предавањата за детската психологија. Приказната од книгата на нејзината мајка за тоа како на три години одбивала да влезе дома и стоела надвор на ладно само за да го избегне часот по клавир, била користена за да се илустрира вроденоста на темпераментот. „Попрво би се смрзнала отколку да попушти“, напишала во својата книга мама Ејми. Лулу била надвор од себе и барала објаснување зошто нејзиниот случај е уфрлен во програмата. „Тоа само покажува дека не си се сменила и дека си и натаму бунтовничка“, ја прокоментирала мајка ѝ жалбата на својата ќерка.

„И натаму сум одлична виолинистка“, вели Лулу. На Харвард не сум во ништо најдобра – тука се сите генијалци – но нема чувство дека не припаѓам тука. Толку напорно работев што чувствувам дека сум го заслужила сето ова“.

Лулу смета дека напорната работа во текот на средното училиште добро ја подготвила за Харвард, па сега може да спие колку што сака и да се дружи со пријателите. „МНогу сум поопуштена отколку во средно. Многу работев па можам и многу да се забавувам“.

Осврнувајќи се на своето детство, како што минува времето Лулу се повеќе го цени бруталниот пристап на својата мајка.

„Луѓето мислат дека тигар-родителството ја уништува самодовербата кај децата, затоа што децата не добиваат многу пофалби, но мојот впечаток е дека имам далеку повеќе самодоверба од повеќето, затоа што знам дека мојата самодоверба е заслужена. Мајка ми ми даваше знаење кое води кон самодоверба“.

Иако се уште не знае што ќе прави по дипломирањето – а размислува да специјализира право – вели дека знае една работа, а тоа е дека и самата ќе биде мајка-тигар.

„Тоа не е нешто лошо само по себе. Понекогаш е тоа само начин да покажете дека навистина верувате во своето дете“.

 

loading...