Дали треба да го излиете својот труднички стомак во гипс?

Ова е искуството на една мајка која со помош на комплетот за лиење на стомакот кој може да се нарача преку интернет и, се разбира, со помош на својот партнер го направила отисокот од својот труднички стомак - за спомен. Дали ова ви изгледа како добра идеја?

0
225

Ова е моја прва бременост и тоа е неверојатно патување досега. Сакав да гледам како се менува моето тело и, заедно со мојот партнер Оли, се зачудив од тоа како ми се зголеми стомакот во последните 35 недели. Лиењето на стомакот изгледаше како одличен начин да се фати овој магичен момент на време засекогаш.

Кога го отворив комплетот сфатив дека тоа нема да биде работа за едно лице.

Како што препорачуваа во упатствата, седнав на нешто поудобно, затоа што требаше да помине барем еден час за да се направи отисокот. Комплетот вклучува малку вазелин што треба да го триете по стомакот и градите, за да ги спречите завоите од гипс да се залепат за вашата кожа.

Процесот не беше многу едноставен и направивме прилично голем неред, но за среќа, јас не морав да го расчистувам.

Сепак, кога конечно бевме готови сфативме дека ќе направиме прекрасен спомен на мојата бременост и се смеевме за тоа како можеме да го извадиме отисокот и да му го подариме на 18-тиот роденден на нашето дете на типичен срамно-родителски начин. Разговаравме за тоа што ќе сториме со него кога беше готово: имаше многу опции, од сликање, ставање во амбалажа или дури и за употреба како овошен сад!

Морам да признаам, беше прилично стресно, но можеби за тоа придонесе и тоа што го правевме навечер, после долг пат и во работен ден.

Како и да е, траумата вреди: Јас сум навистина задоволна што го сторивме тоа, иако сум сигурна дека никогаш нема да се согласиме што точно да правиме со отисокот.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

loading...