Дали треба да разговарате со својата ќерка за нејзината тежина?

Како треба загрижената мајка да разговара за проблемите со исхраната и телесната тежина со нејзината ќерка? Многу внимателно, вели една нова студија.

0
185

Сакате да ѝ помогнете на вашата ќерка да ослабне? Тогаш веројатно треба да ја затворите устата, особено ако вашата ќерка е седмо-осмо одделение.

Почнувањето на разговор со било кого на темата – вишок килограми, може да биде незгодно. Но, една нова студија на репрезентативна група на девојчиња од шесто до осмо одделение и нивните мајки открива колку е тешко да се разговара за губење на тежината и за диета со младите девојки кои се свесни за телото без да имаат некакво негативно влијание – особено ако сте мајка која избегнува да зборува за сопствената тежина.

Општо земено, откривме дека за ќерките кои беа охрабрени да ја изгубат телесната тежина од страна на нивните мајки, резултатите беа полоши ако нивните мајки не разговараат за сопствената тежина, вели Ерин Хил, автор на студијата и доктор по психологија на Универзитетот во Нотр Дам.

И тука има уште нешто друго: според Хил, ќерките кои се охрабруваат да ослабнат, но чии мајки не зборуваат за сопствените проблеми со тежината, се изложени на поголем ризик за развој на нарушувања во исхраната.

Хил потврди дека наодите од студијата како целина сугерирале повеќе за тоа за што мајките не треба да зборуваат од она што треба.

На крајот на краиштата, рекла таа, најубавите резултати беа пронајдени за ќерките чии мајки не беа вклучени во било кој тип на разговор. Тие фрлаат светло врз комплексноста на прашањето за разговор со децата за нивната тежина на начини кои не доведедуваат до слаби здравствени резултати на долг рок.

Што мислите: Дали мајките треба да разговараат за прашањето за диета со своите ќерки?

Фото: Pixabey

loading...