Данска, Шведска и Норвешка се најдобри земји за одгледување на децата

Вака вели годишниот извештај за „Најдобри земји“, според кој Хрватска е на 24.место, Словенија на 31., Бугарија на 41., Србија на 62., а Македонија воопшто и не фигурира таму

0
352

Објавена е листата на најдобрите земји во светот за воспитување на децата и скандинавските земји доминираат на врвот на оваа ранг-листа, Данска, Шведска и Норвешка се на првото, второто и третото место.

Данска е најдобро место за создавање семејство заради нејзините „дарежливи политики за породилно отсуство на мајките и татковците“, како и заради бесплатната здравствена заштита и образование.

Исто така, Данска и Шведска се опишуваат како „држави прјателски прентирани кон семејствата кои имаат силни програми за социјална заштита и  ниска стапка на криминал.

На оваа листа се рангирани вкупно 73 земји кои се рангирани врз основа на неколку критериуми, од безбедност, здравствен и образовен систем до еднаквост на приходите и други. Од нашите соседни земји, Хрватска на оваа листа се најде на 24.место, Словенија на 31., Бугарија на 41., Србија на 62., а Македонија воопшто и не фигурира таму.

За најлоша држава ја прогласиле Казахстан.

Топ 10 најдобри земји за одгледување деца се:

1. Данска

2. Шведска

3. Норвешка

4. Канада

5. Холандија

6. Финска

7. Швајцарија

8. Нов Зеланд

9. Австралија

10. Австрија

10 Најлоши држави за воспитување деца се:

1. Казахстан

2. Либанон

3. Гватемала

4. Мианмар

5. Oман

6. ЈОрдан

7. Саудиска Арабија

8. Азербејџан

9. Тунис

10. Виетнам

Целата листа може да ја видите ТУКА.

Фото: Pixabey

loading...