Дајте им на децата просо за појадок или вечера

Поради својата висока биолошка и хранлива вредност, просото особено им се препорачува на трудниците и на мајките кои дојат, но и на новороденчињата и децата.

0
201

Просото е една од најстарите житарици, кои се користеле во исхраната на човекот. Тоа е многу хранлива и лековита житарица. Содржи просечно повеќе белковини од пченицата, пченката и оризот, како и драгоцени минерали: фосфор, магнезиум, флуор и железо, витамини, особено витамини од групата Б (Б1 и Б2), аминокиселини и микроелементи. Содржи 14% растителни протеини и околу 60 % јагленохидрати, а многу малку масти.

Поради својата висока биолошка и хранлива вредност, просото особено им се препорачува на трудниците и на мајките кои дојат, но и на новороденчињата и децата, како и на лицата кои чувствуват физичка и психичка премореност. Просото му ја дава потребната енергија на телото, го јакне имунитетот, ги зајакнува косата и ноктите.

Се подготвува брзо и лесно, не содржи глутен, па е погодна и за многу мали деца.

Од него можете да направите вкусна каша која вашето дете ќе ја појадува или ќе вечера.

Кашата можете да ја помешате со некое овошје или зеленчук по ваш избор.

Во средно тенџере истурете две и пол чаши вода и кога ќе зоврие ќе додадете една чаша просо. Поклопете го тенџерето, намалете ја температурата оставете да  се готви за 15 минути. Потоа тргнете го од шпоретот и оставете го да отстои уште 20 минути. Потоа по желба можете да додадете малку мед, банана или кајсии.

Фото: Unsplash

loading...