Да возиме за жените – побрзо од ракот!

Во рамките на оваа иницијатива, 22 доктори, на својата велосипедска тура во градовите од осум европски држави (Атина, Скопје, Тирана, Подгорица, Сараево, Бања Лука, Загреб, Марибор и Грац) на пригодни јавни настани заедно со своите домаќини имаат за цел да ја подигнат свеста за превентивни мерки кои им стојат на располагање на жените во центрите за рак.

0
36

Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија (МЗЦПК) при Македонското лекарско друштво, ќе биде домаќин на хуманитарната иницијатива „Ride4Women”, преку која докторите и научниците од европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO – European Society of Gynecological Oncology) сакаат да го свртат вниманието кон превенцијата и раното откривање на ракот на грлото на матката.

Во рамките на оваа иницијатива, 22 доктори, на својата велосипедска тура во градовите од осум европски држави (Атина, Скопје, Тирана, Подгорица, Сараево, Бања Лука, Загреб, Марибор и Грац) на пригодни јавни настани заедно со своите домаќини имаат за цел да ја подигнат свеста за превентивни мерки кои им стојат на располагање на жените во центрите за рак.

Настанот во Скопје ќе се одржи на 5-ти јуни (среда), 2019 година, на плоштадот Македонија, од 9 до 10 часот, по што учесниците ќе се упатат на почетната точка на бул. „Партизански одреди“ и заедно со докторите-активисти ќе ја извозат велосипедската рута до излезот од Скопје, односно до Железниот мост во Сарај.
Придружете ни се со Вашиот велосипед да ја извозиме рутата Партизански одреди бр.5 до Железен мост накај Сарај (8.2 km) заедно со 22-цата гинеколози-оператори на нивниот пат од Атина до Грац.

 

loading...