Да се занимавате со децата, не значи да им ги пишувате домашните задачи

За вистински да се занимавате со децата, треба да ги споделувате со нив своите емоции и искуства. Можете да потрошите часови и часови работејќи ги со нив домашните задачи, а сепак да ги запоставувате детските потреби. Една од нив е потребата за идентификација!

0
74

Денес, кога структурата на семејството е таква што не само што се вработени мајката и таткото, туку сѐ почесто и бабите и дедовците, има многу малку време за домашно воспитување на децата.

Затоа, за да го научите детето како да учи, прво тоа самото мора да се идентификува со учењето, преку вас.

Како?

Такашто ќе му раскажувате како сте учеле вие и дали тоа се покажало како ефикасно или не: „Знаеш сине, кога бев на твоја возраст, немаше интернет, и исто така не сакав да учам математика / биологија… Но, тогаш го праве тоа и тоа … „Во зависност од вашата личност како родител, што ќе им раскажете, затоа што да се занимавате со децата не значи да работите со нив или наместо нив домашни задачи, тоа значи токму ова, пренесување на сопствените емоции, искуства и вештини.

Можете да потрошите часови и часови работејќи ги со нив домашните задачи, а сепак да ги запоставувате детските потреби. Една од нив е потребата за идентификација!

Можете да зборувате за тоа што било различно а што е заедничко од времето кога вие сте биле дете и сега, детето нека се обиде да наброи што била разликата, да размисли како вие сте се справувале со некој другар кој ве малтретирал, со професорот кој не ви се допаѓал, со единицата, со симпатијата и слично…

Фото: Pixabey

loading...