Двегодишник паднал во кома откако го каснал крлеж

Семејството Облиск за вториот роденден на синот Џексон го добило најубавот подарок – нивното синче се разбудило од кома после четири дена.

0
646

Двегодишниот Џексон се заразил со пегавиот тифус Rocky Mountain, ретка, а понекогаш и смртоносна болест, откако пред две недели го каснал крлеж. Неколку недели бил во тешки болки, а сега е префрлен од болницата во центар за рехабилитација.

На 15 мај детето си играло со таткото и дедото во паркот близу нивниот дом во Кентаки. Кога се вратиле дома, родителите забележале на вратот на Џексон крлеж и веднаш го отстраниле.

Го извадивме и продолживме понатаму. Не мислевме дека нешто се случува“, рекла мајката на детето Кајла Облиск.

Меѓутоа, во рок од три дена, телото на двегодишникот било покриено со светло розеви дамки и добил температура. Кајла го однела кај педијатар кој дијагностицирал осип и го пуштил дома. Но исцрпеното дете не престанувало да плаче.

Не сакаше да стане, да јаде, ниту да пие. Кога ќе го допревме, врескаше“, се потсетила Кајла.

Лекарите се обиделе да го лекуваат осипот, но нез успех, па на 27.мај го хоспитализирале. Тогаш му е дијагностициран пегав тифус Rocky Mountain, ретка болест која се случува само еднаш во 20 илјади лучаи на каснувања од крлежи.

Џексон падна во кома. Не можеше да ги отвори очите колку беше натечен. Тоа е најлошата рабта што ми се случила како на родител“, вели мајката. Џексон се разбудил од кома на 31.мај. Три дена подоцна не зборувал и не одел, но бил при свест.

Неговите родители сега предупредуваат да се штитат децатасо спрејови против инсекти.

Крлежите се насекаде. Ако ги отстраните, а немаат глава, веднаш одете на лекар. Мој совет е да не го фрлате крлежот за да можат лекаритеда направат дополнителни истражувања“, советува Кајла.

Фото: Фејсбук

loading...