Двојките кои бараат развод во Кина сега мора да почекаат 30 дена за да се ‘оладат’

Двојките во Кина кои бараат развод, сега мора да поминат низ еден месец долг период на „разладување“, откако новиот закон поминал во кинескиот законодавен дом.

0
208

Двојките кои сакаат да поднесат барање за разделување, сега мора да чекаат 30 дена пред да се изврши процесирање на нивното барање, а за време на тој период двојките можат да ја повлечат својата апликација, пренесува Гардијан.

Предлог-законот, воведен во обид да се стабилизира зголемувањето на стапката на развод во земјата, предизвика дебата на Интернет, со постови под хаштагот „противници на периодот за ладење за развод“, кој доби повеќе од 30 милиони прегледи на сајтот Веибо.

„Не можеме слободно да се разведуваме?“ напишал еден корисник.

Друг корисник изјавил дека законот е донесен и покрај оние што се спротивставуваат на ова преку Интернет, додавајќи дека „почитувањето на јавното мислење за кинеската влада е само шоу“.

Периодот на разладување важи само во случаи кога и двајцата сопружници бараат развод. Нема да се однесува на случаи кои вклучуваат семејно насилство.

Потпретседателот на универзитетот Цингхуа и професор по право, Ченг Ксиао, рече дека промената на законот сè уште им овозможува на двојките слобода за развод, истакнувајќи дека оние што се разведуваат „во налет на лутина“ може да зажалат за одлуката.

Судијата на Врховниот народен суд Ванг Дан за државниот радиодифузен сервис CCTV изјавил дека судовите треба да спречат „импулсивен развод“.

„Ако судот едноставно ги процесуира овие видови на разводи, тоа не само што ќе го раскине брачниот однос, туку ќе предизвика и огромно влијание врз грижата и поддршката на децата и постарите лица.

Фото: Pixabey

loading...