Девојче живее со срце надвор од градниот кош (ВИДЕО)

Единаесетгодишното девојче чие срце е надвор од нејзиниот граден кош, мора да внимава да не ги повреди нејзините гради бидејќи тоа може да биде неверојатно сериозно, па дури и фатално.

0
1069

Вирсавија Борун-Гончарова е родена со исклучително ретка состојба. Уште додека била во матката, нејзините ребра и стомачните мускули не се формирале правилно. Како резултат, на тоа, сега 11-годишното девојче од Флорида живее со срце кое се развило надвор од нејзиниот граден кош.

Кога мајката на Вирсавија, Дари, била бремена, ѝ кажале дека нејзината ќерка најверојатно ќе умре за време на бременоста или веднаш по породувањето. Но, Вирсавија се спротивставила на ваквите лоши предвидувања и преживеала, а сега е успешна пред-тинејџерка која ужива да пее, танцува и да си игра со своите пријатели.

„Таа е навистина чудо и ја сакам таква каква што е. Таа е апсолутно уникатна. Една во милион. Нејзиниот брат Ервин сака да ѝ се доближува и да го допира срцето. Мисли дека нејзиното срце е нешто волшебно и убаво. Едноставно ќе легне на Вирсавија за да го почувствува нејзиното срце како чука“, вели гордата мајка.

Оваа состојба, наречена Пенталогија Кантрела, се појавува само кај еден од милион луѓе. Иако ова не ѝ предизвикува болка, нејзиното срце е во опасност бидејќи е веднаш под површината на кожата. Ова значи дека Вирсавија мора да внимава да не ги повреди нејзините гради бидејќи тоа може да биде неверојатно сериозно, па дури и фатално. За да го заштити срцето и за да спречи какви било повреди, таа обично носи прекривка за градите.

Но, Вирсавија страда и од коновентрикуларен VSD – срцева маан поради која има дупка во срцето таму кадешто треба да се сретнат деловите од вентрикуларниот септум. Поради сето ова, Вирсавија поминала многу време во болница и понекогаш ѝ треба резервоар за кислород за да спречи нивото на кислород да падне премногу ниско.

На Вирсавија не ѝ е лесно да живее со срце од надворешната страна на градите, бидејќи е навистина изложено и кревко“, вели нејзината мајка и признава дека и таа и девојчето понекогаш се вознемирени заради тоа, пренесува Метро.

Сепак, Вирсавија вели дека иако знае дека нејзината состојба има значителни ризици, таа „не дозволува да ја кочи“. Понекогаш може да биде тешко кога нивото на кислород е ниско и чувствувам вртоглавица. Но, сакам да останам активна и да пеам и танцувам со моите пријатели“, заклучила храбрата девојка која истакнува дека нејзиното срце е „уникатно“ и дека таа го сака.

Фото: Инстаграм

loading...