Денеска се одбележува Меѓународниот ден на семејството

Токму воочи овој Меѓународен ден на семејството, во македонското собрание се разгледуваше потребата од менување на постојниот Закон за семејство и од воведување на заедничко и одговорно родителство после развод и како ретко кога, поддршка стаса од претставници од двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

0
45

Денешниот ден (15.мај)  е прокламиран од Обединетите нации уште во 1993 година како меѓународен ден на семејството. Според познавачите, овој ден претставува одлична можност да се подигне свеста за теми поврзани со семејството и да се зголеми знаењето за социјалните, економските и демографските процеси кои влијаат на семејството.

Последното истражување на УНИЦЕФ покажа дека  начинот на кој се воспитуваат децата, во голема мера, претставува проекција на функционирањето на едно општество. А сликата на македонското општество, „насликана“ во  истражувањето покажува голем степен на агресија.

Според ова истражување, седум од десет деца на возраст од 2 до 14 години дома се дисциплинираат со насилни методи, односно со физички казни и психолошка агресија. Од УНИЦЕФ велат дека кај испитаниците постои верување оти насилните методи на дисциплинирање функционираат, односно 44 отсто од нив сметаат дека физичкото казнување е ефикасен начин за коригирање на однесувањето на детето, а 37 отсто мислат дека тоа се постигнува со психичкото казнување.

Токму воочи овој Меѓународен ден на семејството, во македонското собрание се разгледуваше и потребата од менување на постојниот закон за семејство и од воведување на заедничко и одговорно родителство после развод или разделба и како ретко кога, поддршка стаса од претставнички од двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ, инаку, дипломиран социјален работник, го кажа својот став и ја поддржа иницијативата исто како и нејзината колешка од владејачкото мнозинство, Јагода Шахпаска од СДСМ, инаку, специјалист по интерна медицина, и двете мајки и сопруги со цело работно време.

Во многу земји, денот дава можност да се потенцираат различни области на интерес и значење за семејствата. Активностите вклучуваат работилници и конференции, радио и телевизиски програми, статии во весници и културни програми кои ги истакнуваат релевантните теми.

Темата за 2018 година е: „Семејствата и инклузивните општества.“ Овогодинешниот собир ќе ја разгледа улогата на семејствата и семејните политики во унапредувањето на целта за одржлив развој во смисла на промовирање мирни и инклузивни општества за одржлив развој.

loading...