Детален водич од СЗО за развој на децата до петтата година

Колку му треба на детето спиење, колку играње и физичка активност во текот на денот, до петгодишна возраст, откриваат експерти од Светската здравствена организација.

0
229

Децата под пет години кои поминуваат помалку време пред екраните или мирни во количките и седиштата имаат подобар сон и повеќе време за активна игра. Токму затоа ќе расте подобро и поздраво, според водичот на Светската здравствена организација (СЗО).

„Раното детство е период на забрзан раст и време кога животите навики на семејството имаат влијание врз здравјето“, рекол генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебреисус.

Новиот водич за физичка активност, седење и спиење го развил тим на експерти на СЗО. Тие ги набудувале ефектите од неадекватно спиење, време поминато пред екранот, на столче или во седиште за деца помлади од пет години. Покрај тоа, тие дале и докази за придобивките од зголемената физичка активност.

„Зголемената физичка активност, намаленото седење и квалитетниот сон во раните години го подобруваат физичкото, менталното, но и целокупното здравје, а помага и да се спречи дебелината и поврзаните болести подоцна во животот“, рекла д-р Фиона Бул.

Намалената физичка активност кај малите деца е одговорна за повеќе од 5 милиони смртни случаи низ целиот свет. Повеќе од 23% од возрасните и 80% од адолесцентите не се доволно физички активни. Доколку физичката активност, навиките за седење и спиење би се стекнале до петгодишна возраст, би се создал образец на однесување за детството, адолесценцијата, но и возрасното доба.

„Многу е важно да ја вратиме играта во животите на децата. Треба да се изврши промена – наместо седење, да се вклучи што е можно повеќе активна игра, со квалитетен сон”, рекла д-р Хуана Вилумсен.

Интерактивна игра, читање, раскажување приказни, пеење со некои возрасни без употреба на екрани се важни фактори во детскиот развој.

Еве ги и препораките на Светската здравствена организација за активностите на децата до пет години:

Под една година

– Физичка активност неколку пати во текот на денот, претежно преку интерактивна игра на подот. Колку почесто е дете активно, толку подобро. За оние мали деца кои не се мобилни, ова вклучува најмалку 30 минути на стомак додека се будни.

– Детето не треба да биде повеќе од еден час (во количка, столче, итн.). Користење на уреди не се препорачува. Додека детето е мирно, читањето или раскажувањето приказни е подобра опција.

– 14 до 17 часа спиење (до 3 месеци) или 12 – 16 часа спиење (4 – 11 месеци), вклучувајќи ги и дремките.

Прва и втора година

– Најмалку 180 минути различни активности, со било каков интензитет. Колку повеќе се движи, толку подобро.

– Не треба да седи повеќе од еден час. Гледањето телевизија, таблети, компјутери не се препорачува за деца од една година. За двегодишници, времето на екранот не треба да надминува еден час. Колку помалку, толку подобро. Читањето и зборувањето се сè уште подобри активности за малите деца додека седат.

– 11 до 14 часа квалитетен сон, кој вклучува дремки.

Трета и четврта година

– Најмалку 180 минути физичка активност распределени во текот на денот.

– Не треба да седи повеќе од еден час. Времето пред екраните треба да се сведе на минимум – не повеќе од еден час.

– 10 до 13 часа квалитетен сон, кој ги вклучува и дремките.

Фото: Pixabey

loading...