Секое нормално дете, треба да е активно и слабо

Ако детето цело лето трча по трева гладно, валкано и и босо, тоа го чува неговото здравје во текот на  целата година, ситуација кога жената ќе донесе некоја одлука за детето сама, без да го консултира мажот, е неприфатлива. Ниту една одлука за детето не треба да ja донесе само еден родител, се дел од советите на најславниот руски педијатар Евгениј Олегович Комаровски.

0
539

Здравјето на децата и возрасните во голема мерка зависи од психолошката клима во семејството. Евгениј Олегович Комаровски, најславниот доктор во Русија зборува за тоа како да се создаде “клима во домот” која ќе биде поволна за сите членови на семејството.

Ова се десетте правила на рускиот педијатар:

1. Семејството не треба да живее во интерес на детето, туку во интерес на семејството. Не можам да замислам моето дете да добие чоколадо, а да не го подели на три дела.

2. Ситуација кога жената ќе донесе некоја одлука за детето сама, без да го консултира мажот, е неприфатлива. Ниту една одлука за детето не треба да ja донесе само еден родител. Таткото мора да знае како се храни детето, како се облекува, а подоцна и што му се случува на училиште, не полошо од мајката.

3. Среќно дете е она дете кое има татко и мајка кои наоѓаат време не само да го сакаат детето, туку и да се сакаат еден со друг.

4. Обезбедувањето на психичката благосостојба на мајката која се грижи за детето е главна грижа на таткото.

5. Ако детето е постојано болно, тоа значи дека тоа има судиир со околината и постојат две опции: да се лечи детето или да се смени околината. Мене ми е поблиска втората опција, но огромен број родители и продавачи на лекови не се согласуваат со мене.

6. Ако детето цело лето трча по трева гладно, валкано и и босо, тоа го чува неговото здравје во текот на  целата година. Тоа е какво треба да биде нормално дете – слабо и активно.

7. Сите главни одуки кои се однесуваат на детето, можат да ги донесат само мајката, таткото и педијатарот. Роднините можат да ги советуваат родителите, под услов да не се навредат ако нивните совети не бидат прифатени. Ако се навредени, треба веднаш да се воведе мораториум за совети. И, второ, тие можат пасивно да помогнат, барајќи од родителите да ги решат сите темелни прашања. Значи, бабата може да оди на прошетка со детето, но прво мора да се договори со мајката што треба детето да носи, каде да оди и колку долго.

8. Главната благосостојба на семејството зависи од здравјето на мајката. Таткото е должен да се избори со сите и да ѝ даде да јаде, да спие, да прошета.

9. Среќата на една земја започнува кога мажот ќе обрне внимание не само на војната, нафтата, бензинот и парите, туку и кога се грижи за децата. Тогаш земјата почнува да се развива.
10. Верувам дека е неопходно да се донесе законска обврска за родителите да ги совладаат основите на медицинското знаење. На училиште, тие учат какви се синусите, косинусите, кој е главен град на Мозамбик, но идните родители тогаш немаат идеја како да му помогнат на своето дете ако има температура, што е вакцинацијата, какви детски болести има, како да ја обезбедат безбедноста на детето во куќата …

 

Фото: Pixabey

loading...