Детето ја критикувало вечерата, па мајка му го оставила гладно

Една мајка се соочила со критики откако ја испратила својата деветгодишна ќерка во кревет без вечера. Жената ја раскажала целата случка на „Reddit“, но коментарите на корисниците ја натерале подоцна да ѝ се извини на ќерката. Што мислите вие?

0
230

„Вечерва се вратив порано од работа и решив да зготвам вечера и да го оставам мојот сопруг да спие (тој е инаку задолжен за подготовка на вечерата). Направив вариво со говедско месо, како и обично. Зачинето како што сакаме. Мојот сопруг се разбуди и беше среќен заради изненадувањето. ќерката рече дека мириса добро“, напишала мајката.

Семејството седнало на масата и почнале да јадат.

„Мојот сопруг ми даде комплимент, а Евелин рече да не се лутам, но дека храната е горчлива. Таа спомна следниот пат да ставам само половина ловоров лист“, раскажала мајката, која била навредена и лута поради критиките.

„Работев 12-часовна смена во болницата, дојдов дома да направам вечера, а потоа некој ме навреди. Не знаев како да реагирам. Бев повредена и лута, но не сакав да го кревам гласот. Ѝ реков дека не мора да јаде ако не ѝ се допаѓа храната, да си ја крене чинијата, да оди да се истушира ​​и да си легне“, додала мајката.

Девојчето го сторило тоа, но нејзините родители подоцна ја слушнале како липа во нејзината соба.

„Мојот сопруг смета дека сум претерала, а јас само сакав да ја научам да обрнува внимание на зборовите што ги изговара. Дали навистина сум постапила толку лошо?“, ги прашала таа корисниците на „Reddit“.

„Не ја користете храната како метод на казнување“, „Да, лошо сте постапиле, не можете да ги прифатите критиките што девојчето ви ги упатило на учтив начин“. Ја казнивте затоа што е искрена “,„ Не му давате на детето можност да има свое мислење? Секако дека не сте биле во право”, се некои од многуте коментари кои ја натерале мајката да ѝ се извини на својата ќерка.

„После долг разговор, ѝ се извинив и ја замолив за прошка“, рекла таа подоцна, заблагодарувајќи им се на сите што ѝ посочиле каде згрешила.

Што мислите вие, дали мајката навистина претерала со постапката?

Фото: Pixabay

loading...