Детската храна – премногу мрсна, премногу слатка и премногу солена

Индустриската понуда на храна за деца е таква што практично спречува здрава и избалансирана исхрана

0
76

На Европското првенство во фудбал, таа нездрава храна е силно рекламирана, а политичарите на Зелените се огорчени.

Зелените ги обвинија производителите на храна за деца за т.н. тактики со кои ги залажуваат децата и ја кршат регулативата според која не смее да се рекламираат производи за деца под 12 години.

Според Бербел Хон, заменик-шеф на клубот на Зелените во Бундестагот, многу од омилените производи на децата се вистински калориски бомби. Неодамна, Зелените, во соработка со шефот на Клиниката за детски болести во Потсдам, Мајкл Радке, тестираа производи што се рекламираат на Европското првенство во фудбал, како што се слатки, безалкохолни пијалоци и закуски.

Половина од тестираните производи содржеле повеќе од 500 калории за секои 100 грама. Студијата особено го критикува фактот дека производите, покрај отпечатокот на логото на Европското првенство во фудбал, содржат и фигури од стрипови, фудбалски тетоважи, слики на играчи и играчки, кои ги привлекуваат децата. Со собирање слики и нивно лепење во каталогот, децата се врзуваат за производот.

За педијатарот Мајкл Радке, најважната работа во студијата е тоа што покажува дека натписите на слатките не го означуваат јасно нивниот состав. Ако бабите и дедовците сакаат да купат нешто за своите внуци, без лупа, тие немаат шанса да прочитаат што има во пакувањето. И дури и ако можат да го прочитаат, сè уште не им е јасно што има во составот на таа храна “.

Нејасните табели за состојките и рекламите за премногу слатките и премногу мрсните производи веќе долго време се предмет на критики. На почетокот на годината, организацијата „Food Watch” зеде под лупа 1.500 артикли од палетата храна за деца.

Резултат: Скоро третина од производите содржеле состојки, пред се масти и шеќер, кои, според препораката на Министерството за здравство во Берлин, може да се консумираат само во мали количини.

Заклучок: Индустриската понуда на храна за деца е таква што практично спречува здрава и урамнотежена исхрана

Нема профит од здрави производи со овошје и зеленчук

Причината за ова, според организацијата „Food Watch“, е што овошјето и зеленчукот не можат да остварат големи профити. Едноставно не се исплати да се продава здрава храна за деца.

„Додека со овошјето и зеленчукот остваруваат маржа од 5%, за слатките, грицките и за безалкохолните пијалоци имаат маржа од 15%. Веќе сега, производителите мора да ги наведат сите состојки, според т.н. ГДА табела (“Guideline Daily Amount”). Ова е табела во која се наведува колку шеќер, маснотии, заситени масни киселини и сол обично содржи една порција од, најчесто, 100 грама, но потрошувачите обично консумираат многу повеќе од 100 грама.

Чипсови полни со сол

Педијатарот Радке се залага за т.н. здравствена табличка.

„Станува збор за едноставна и лесна за разбирање декларација, втисната на производот, на која, кога има зелено светло на семафорот, тоа значи дека производот е добар, а црвено дека неговиот состав е лош. Секој знае дека многу сол во храната, особено за децата, не е добра. Затоа чипсовите добиваат црвено светло. И тие наједноставни работи не се регулирани и тоа е она што го критикуваме “, вели Радке.

Тој додава дека е голем проблем и што фудбалските sвезди, репрезентативците врбуваат за, да речеме, здрав појадок со „Келогс-Корнфлејкс“. Тоа, со оглед на огромниот процент на шеќер, веќе не е здрава храна за појадок, туку слатко. А, последиците се дебелина кај децата, дијабетес и болести на срцето и крвотокот. И што е најлошо, ваквите нездрави производи ги рекламираат спортисти, кои „пукаат“ од сила и здравје.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

loading...