Детска програма за театар: развивање на креативноста, справување со тремата…

Детското Младинско драмско студио СЦЕНА, трета година по ред, се обидува кај децата да развие сегменти кои допрва ќе им го менуваат животот. Комуникацијата, социјализацијата, имагинацијата и културната едукација се само дел од тоа

0
79

Театарот велат дека е посебна инспирација. Нема кој не влегол во онаа сала која собира еден куп културен свет кој за момент станува магичен, заразен, кој предизвикува смеа, плач или поттикнува емоција која не се доживува секој ден.

Детското Младинско драмско студио СЦЕНА, трета година по ред, се обидува кај децата, преку театарот и театарската игра да развие сегменти кои допрва ќе им го менуваат животот. Комуникацијата, социјализацијата, имагинацијата и културната едукација се само дел од тоа. Менувањето на навиките и креирањето на вредностите кои се поврзани со читањето, желбата за нешто ново, љубов поинаква од дигиталниот свет.

Програмата за едукација е пресликана од факултетските програми за театар, меѓутоа адаптирана на возраста, со конкретни методи за работа со деца и младинци. Часовите се само поттик и правилен патоказ за справувањето со тремата, со јавното говорење, со покажувањето на емоција пред аудиториум – вели Теа Беговска, театарски режисер и еден од главните едукатори на оваа програма.

Едукативниот процес трае девет месеци, поделен во два семестри, каде младите актери работат на две претстави, со свои премиерни прикажувања во некои од скопските театарски сали. Она на што сме горди, е нашиот проект, сработен со младите актери, во форма на  „Бушава Азбука“ за театарот, за речникот и интеракцијата наречен „Театарски речник од деца за деца“ – додаде Миа Кантарџиева, актер и предавач во СЦЕНА.

Битно е да се царува во сопствениот свет, најбитно е дека младинците имаат потенцијал, да развијат нешто посебно. Уписите во Сцена траат до октомври 2018.

loading...