Детски невролог предупредува: „5 години гледам како сами создавате псевдоаутизам кај децата!“

Веќе пет години се среќавам со истиот проблем – деца кои во просек на 3 години практично не зборуваат. Однесувањето на тие деца е слично на однесувањето на децата со аутизам. Заедничко им е тоа што кога имале околу една година родителите им дале смартфон, односно таблет!

0
1039

Веќе одамна имам намера да го споделам со вас тоа што го забележав за можните последици од интензивното користење од најрана возраст, на разни апарати со екрани: телевизори, компјутери, таблети, смартфони. Веднаш да се оградам и да кажам дека тука само ги изнесувам своите забелешки врз основа на искуството. Тоа може да се разбере како заплашување од незнаење – и тоа имав можност да го слушнам. Сепак, ми се чини дека сѐ се вклопува и полека си доаѓа на свое место…

Работата ми наложува секојдневно да се среќавам со деца со помалку или поголеми пречки во развојот. Веќе пет години по правило се среќавам со истиот проблем  – деца кои во просек, на три години практично не зборуваат. Однесувањето на тие деца е слично на однесувањето на децата со аутизам. Заедничко им е тоа што кога имале околу една година, им дале смартфон, односно таблет.

Тие деца практично цело слободно време го поминуваат со тие апарати, буквално живеат во нив. Од тоа страда фацијалната експресија (мимиката на лицето), усмерувањето на погледот (контакт со очи) и емотивната сфера. Обидот да го земете апаратот од детето, кај него предизвикува крајно негодување и агресија. Говорот по правило не е развиен или е рудиментиран.

Комуникацијата со околината, со реалниот свет, очигледно е лоша…Знаејќи колку е лесно да се помешаат причината и последицата, не исклучувам дека некои од тие деца се начелно аутистични, а дека преокупацијата со гаџетите е едноставно една од варијантите на стереотипно однесување … Сепак, следува една од пократките приказни.

Девојче, 1 година и 3 месеци, живее во Њујорк. Вниманието го привлекло тоа што не се одзива и не реагира на вербални барања. Нема развиена адекватна мимика и гестикулација. Неколку месеци порано не било толку лошо. Детето плескало со рачињата, мафтало, викало па-па. Специјалистите се посомневале на пореметување од аутистичниот спектар … Добив голем број видео-снимки со епизоди од животот на детето.

Сѐ почнало околу 7-8 месец кога детето почнало да јаде во столица за хранење, пред вклучен телевизор. Одиме понатаму: од една година, девојчето практично цело слободно време го минувало пред некаков екран. Родителите го послушаа мојот совет и ги скриле сите гаџети од детето. Очекувано, првите денови забележале кај девојчето раздразливост, хистеричност и агресивност, било тешко да ја нахранат. Но… се вратиле контактот со очи и покажувањето со рака! Тргнале на терапија.

Секако, ја разбирам колебливоста и субјективноста на проценката дадени на далечина … Но сеедно, не престанувам да се прашувам: дали е можно во „спектарот“ да се наиде на ситуации со механизам кој би можел да се карактеризира како „псевдоаутизам“?

Автор: Олег Корењ, детски невролог од Новосибирск

Фото: Pixabey

loading...