Децата на антивакцинерите во САД истражуваат како да се вакцинираат без родителска дозвола

Ваксопедиа наведува дека во САД постојат петнаесет држави во кои малолетник може да даде своја согласност за вакцинирање.

0
316

Постојат многу родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца против болести кои се опасни по живот, верувајќи во исправноста на своите одлуки. Нема да навлегуваме во тоа дали се во правo или не, но факт е дека поради одлуката на овие родители, сѐ повеќе расте бројот на заболени од заразни болести.

Така во американската држава Вашингтон минатата недела вработените во јавното здравство се соочиле со зголемен број заболени од сипаници, а ниската стапка на вакцинирање им ја отежнуваат борбата против оваа заразна болест.

Докторот Ален Мелник изјавил дека на социјалните мрежи кружат дезинформации кои ги доведуваат во заблуда родителите, па противниците на вакцинирањето упорно зборуваат дека вакцините предизвикуваат пореметувања во развојот какво што е на пример, аутизмот.

Според пишувањето на The Independent, д-р Мелник не ја крие огорченоста заради таквите неосновани уверувања.

„Единствената работа заради која не спијам ноќе се децата кои умираат заради ситуација која може да се спречи. И натаму, иако тоа не е вистина, се зборува дека вакцините против сипаници резултираат со аутизам. Тоа е глупост“, изјавил тој и додал дека младите луѓе би требало да веруваат дека возрасните, кои се грижат за нив, ќе ги преземат сите модерни и превентивни мерки за да ги заштитат.

Меѓутоа, тоа не е секогаш така. Некои деца, преку форуми се информираат за тоа како да се заштитат од потенцијално смртоносните болести.

Еден очаен 15.годишник од Минесота отишол на форум за правни совети за да се распраша за правните последици од лажирање на потписот на неговата мајка на обрасците за согласност за вакцинирање:

„Пишувам затоа што сум 15.годишен син на родители – противници на вакцините. Последните четири години се обидувам да ја убедам мајка ми дека вакцините се безбедни. Не успеав. Сега се обидувам да истражам како да се вакцинирам без дозвола од мајка ми“.

Уште еден тинејџер, 13.годишно момче кое никогаш не е вакцинирано, преку Reddit барал информации за тоа како да ја премости опасната одлука на своите родители.

Ваксопедиа наведува дека во САД постојат петнаесет држави во кои малолетник може да даде своја согласност за вакцинирање. Тоа се Алабама, Алјаска, Арканзас, Делавер, Ајдахо, Илиноис, Канзас, Лујзијана, Мајне, Масачусетс, Монтана, Невада, Орегон, Пнесилванија, Јужна Каролина, Тенеси, Вашингтон и Западна Вирџинија.

За младите Американци кои живеат надвор од тие држави е малку покомплицирано. На возраст од 16 години, тие имаат законско право на доверливи лекарски прегледи, но обично мораат да бидат постари од 18 години за да можат законски да се согласат на медицински постапки.

Фото: Pixabey

loading...